16.8 C
Скопје
13 септември, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗАСТАВ

Медиумски пирати

Јавната сфера во демократски околности не е и не смее да биде усмрдена

Пишува: Проф. д-р Ана Чупеска

Јавната сфера во демократски околности не е и не смее да биде усмрдена депонија за евтин политички инженеринг.

Но, дали е тоа така овде?

Се разбира дека, не е…

Би можеле да поставиме легитимно прашање – што воопшто претставува јавната сфера денес?! Но, тоа не може да биде предмет на една колумна, туку на научен труд, па затоа за ова ќе се произнесам на друг форум.

Но, за нас овде е важно дека јавната сфера, особено медиумската јавност, по “службена должност” би требало да биде арена за полемика која ќе овозможи рационален консензус (Хабермас).

Рационален – што?!

Ништо…

Бидејќи вмровската владата повторно, во согласност со својата авторитарна позиција, дебело го користи излитениот „copy-paste“ рецепт од кујните на северната политичка ОСКА, која е на заминување. Таа, имено, повторно, спроведува брутална операција за медиумско заробување. Нивните авторитарни бригади градат нова инфраструктура за тотална контрола и за перење на мозоци; на оние кои останаа овде. Глодарите…

Се чини дека екипата на Euronews Македонија незаконски ординира по владините прес-конференции, директно легитимирана од власта. За тоа време, АВМУ и З.Т. мачкаат очи со фиктивни постапки, пропуштајќи сè под маса- без разлика што и финасиската полиција има процес. Но, се е тоа димна завеса…

А, целта им е јасна: инсталација на анти-ЕУ пропаганда во служба на Комитетот.

Оваа мозочноперачка мрежа е прецизно исплетена; и од јавно достапни сериозни
извори, произлегува дека мрежата ја плете орбанова Alpac Capital, во соработка со 4iG и вучиќевата Алта банка ( која веќе e под обвинителска лупа на ЕУ). Во овој логистички хаб за узурпација на нашиот етер удобно се инфилтрирани и кадри на ВМРО (М.К.В.), комплетирајќи ја медиумската окупација.

Уште повеќе, парите од јавните претпријатија се слеваат таму, за на крај граѓаните самите да си го финансираат сопственото медиумско труење и тенденциозно перење на мозоците, плус добиваат и центрифуга – гратис; сушењето на мозочните келии е само за VIP-овци.

Но, знаете што е најстрашното? Не е нивната агресија, туку нашето внатрешно гниење.

Телевизиските дебати се претворени во тешка, неподнослива тиња! Апсолутно е
морбидно во име на некаква си квазиобјективност да се форсира лажен баланс (false balance). Во дебатите не може нештата да се третираат симетрично по
принципот – „малку за фашистите, малку за Евреите“! Тоа не е плурализам, туку
нормализација на медиумскиот предикамент.

Дали се разбираме?

Доколку не се разбираме, еве поедноставно: медиумот сам себе го убивал; или, журнализмот го продаде кучата! А ако милувате милициски израз, повелете: при што му зададе удар во пределот на медиумите!

ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ.

Голема чест!

Додворувањето и самоцензурата ѓаволски скапо чинат, почитувани медиуми. Како
што брилијантно поентираше Бранимир Ј. во своето неодамнешно интервју, оваа
автократска машина веќе тропа и на сечија врата.

Така што, пиратите дојдоа; и ова е еден класичен медиумски предикамент. Но,
истовремено, ова е моментот на вистината : нема веќе простор за сервилност и удобна неутралност.

***

Седма сило, не дај се – тоа се само обични медиумски пирати. Шансата за поправен е сеуште можна, барем засега…

 

Related posts

Одиме ли на воената парада во Москва на 9-ти мај?

admin

Што може Скопје да научи од Њујорк

admin

Фискално одржлив и таргетиран: Деветти пакет антикризни мерки за поддршка на најранливите и стопанството

admin

Сè да се собере, пораз ќе остане

admin

ДУИ се бори за својот идентитет

admin

УРБАНИ РАСКАЗИ: Невидливите граници на знаењето

admin