Програма насочена кон дигитализацијата на туристичкиот бизнис му донесе на Универзитет „Скопје“ Светска туристичка награда за 2026 година во категоријата „Најдобра образовна програма за туризам“, соопшти универзитетот.
Признанието е доделено за „Паметни вештини за паметна иднина – Дигитализација во туристичкиот бизнис“ (Smart Skills for Smart Future – Digitalization in Tourism Business), спроведена во рамките на Еразмус+.
Свеченоста се одржала на 9 ноември во Кралските музеи за ликовни уметности во Брисел, во рамките на Годишниот состанок на Глобалниот туристички форум.
Наградената програма го поврзува образованието со дигиталната трансформација на туристичкиот сектор, една од темите што биле разгледувани и на форумот во Брисел.
Од Универзитет „Скопје“ го оценуваат признанието како потврда за нивната работа на современи образовни програми и подготовка на кадри што можат да одговорат на потребите на туристичкиот бизнис.
Универзитетска делегација учествувала на настанот на 9 и 10 ноември, заедно со претставници, инвеститори и експерти од туристичката индустрија.
Дискусиите ги опфатиле глобалните инвестиции, одржливиот развој, дигиталната трансформација и безбедноста и довербата на патниците. Се разговарало и за идните предизвици и можности во секторот.
Според универзитетот, учеството било искористено за воспоставување меѓународни контакти, размена на искуства и отворање можности за идни соработки и партнерства.



