17.8 C
Скопје
7 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

БЕРЛИН ПРЕДУПРЕДИ НА ИЗБРЗАНИ ОБВИНУВАЊА ЗА НАПАДИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска предупреди на предвремени обвинувања, откако медиумите објавија дека американското разузнавање сугерирало оти проукраинска група стои зад минатогодишните напади на гасоводот Северен тек.

„Тоа, исто така, може да беше операција за лажно знаме организирана за да се обвини Украина, што е опција која беше спомната во медиумските извештаи“, изјави Писториус, пренесува Ројтерс.

Веројатноста за едното или за другото е подеднакво голема, додаде тој. Писториус зборуваше во Стокхолм, каде што се состануваат министрите за одбрана на Европската унија.

Киев „апсолутно не е вклучен“ во нападите на гасоводот „Северен тек“, изјави помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Без сомнение, Украина апсолутно не е вмешана во ексцеси на гасоводи“, изјави Михајло Подољак за Ројтерс.

„Тоа нема ни трошка смисла“, нагласи тој.

Тој додаде дека Украина нема информации за тоа кој е вмешан, но рече дека можеби треба да се обвинат напорите на Русија за дестабилизација на регионот.

Медиумските извештаи за нападите на гасоводите „Северен тек“ се координиран обид да се сврти вниманието и Кремљ е збунет како американските власти можат да претпостават нешто за нападите без истрага, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција РИА.

Тој исто така рече дека земјите акционери на „Северен тек“ треба да инсистираат на итна, транспарентна истрага.

Related posts

Харадинај до косовската опозиција: Зошто се плашите да ме подржите да го рушиме Курти

admin

Паѓа довербата во Собранието, граѓаните не гледат дека се претставени од пратениците

admin

Огнените од ДУИ против една изборна единица

admin

Биден: Изборите во САД догодина се битка за „душата“ на државата

admin

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што ДУИ е подготвена да замине

admin