14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
СВЕТ

БОРЕЛ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН: ОВА Е ВАЖНА ОДЛУКА НА МЕЃУНАРОДНАТА ПРАВДА

Високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жозеп Борел, вечерва од Скопје порача дека одговорните за агресијата врз Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Ова го кажа во коментар за налогот за апсење на рускиот претседател Владимир Путин кој денеска го издаде Меѓународниот кривичен суд (МКС), поради депортација и трансфер на деца од окупираните области на Украина во Русија.

„Меѓународниот кривичен суд наведува дека постојат разумни основи да се верува дека Путин сноси индивидуална одговорност за овие злосторства. Тежината на злосторствата и изјавата на МКС говорат сами за себе. Ова е важна одлука на меѓународната правда и за народот на Украина“, истакна Борел по вечерашната средба со македонскиот претседателот Стево Пендаровски.

Притоа порача дека МКС е само почеток во процесот за барање одговорност од Русија и нејзиниот лидер за злосторствата и злоделата што ги вршат во Украина.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска соопшти дека распишал налог за апсење на Владимир Путин. Судот во соопштението наведува дека е распишана потерница и за Марија Лвова-Белова, руска функционерка за правата на децата, која наводно го насочувала отстранувањето на украинските деца во Русија.

Двајцата се осомничени дека „ги извршиле делата директно, заедно со други и/или преку други“, се вели во соопштението, додавајќи дека Путин не успеал „ да изврши соодветна контрола над цивилните и воените подредени кои ги извршиле дејствијата или дозволиле нивно извршување, и кои беа под негова ефективна власт и контрола, согласно одговорноста“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го нарече налогот „бесмислен“ бидејќи Русија не е потписничка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и „не сноси никакви обврски“.

Related posts

Голем конкурс за вработување во администрацијата на ЕУ

admin

Анкета: Екстремно десничарската АфД е втората најсилна партија во Германија

admin

ЕУ регистрирала над 40.500 случаи на рак поврзан со работната средина

admin

Аналитичарот Мајкл Рубин предупредува: Турција може да биде следна мета на Израел

admin

Иран започна масовен ракетен напад врз Израел по атентатите на Хамас и Хезболах

admin

Израел изврши прецизни напади врз воени цели во Иран

admin