23.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Бектеши смирува: Струјата нема да поскапи

Министерот за економија, Крешник Бектеши e оптимист дека цената на струјата нема да расте и дека наскоро се враќа и дневната евтина струја, пренесува Инбокс7.

По средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац, Бектеши рече дека „граѓаните нема да плаќаат поголема цена од постоечката од 1 јули до крајот на годината“

Тој најави дека со министерот за финансии и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но независно каков ќе биде утврдениот модел, Бектеши е дециден дека поскапување на електричната енергија нема да има.

И првиот човек не Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вели дека е против тоа да се покачи цената на струјата. „Целта ни е да ја релаксираме ситуацијата со цената на електричната енергија. Противник сум цената да се зголеми во услови кога се изградени голем број на фотоволтаични електрани, кои помагаат да се намали увозот на струја во државата“, рече Бислимоски одговарајќи на новинарски прашања.

 

Related posts

Пазарите реагираа веднаш – нафтата нагло поевтини по пораките од Трамп

admin

Аларм од ЕЦБ: Кина ја турка Европа кон економска маргина

admin

Дали ќе продолжи поскапувањето на струјата?

admin

Јапонија влегува во рецесија, сега Германија трета економија во светот

admin

Паника за гориво во Македонија: Дизелот исчезна од пумпите, граѓаните бараа насекаде

admin

АНАЛИЗА НА ЕКОНОМИСТ: Војната со Иран – помош во совршен момент за Путин

admin