9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Без паника! HMPV е дамнешен „сожител“ на луѓето

Проф. Д-р. Драган Даниловски

Во умерените климатски подрачја на планетава – во моментов, на северната хемисфера – вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината.

Овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и mycoplasma pneumoniae.

Оттаму, извештаите во медиумите за зголемен број хоспитализации во Кина, наводно, заради инфекции со НMPV, не се докрај точни, зашто, таму зголемен е бројот и на сите други респираторни вируси! Како што е сосема вообичаено во зима!

Патем, НMPV воопшто не е нов вирус (како што беше короната)! Тој е дел од „коктелот“ респираторни вируси кои се „добри познајници“ на човекот, отсекогаш.

Што значи дека човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него.

Што значи, исто така, дека сите треба да бидеме апсолутно спокојни! Место за страв од нова пандемија нема! А вознемирувачките написи во порталите – игнорирајте ги!

Мерките за превенција и третман се сосема исти како за обичните настинки.

Related posts

Да маршираме во војна или „да бакнеме задник“ во мир?

admin

Трамп и американскиот сон

admin

Демократите стравуваат дека ова едноставно прашање ќе му пресуди на Бајден

admin

Интеграција која дезинтегрира!

admin

Што сакаше да каже Муцунски?

admin

Стокхолмски и други синдроми

admin