21.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Девет децении „Алкалоид“: македонската компанија пред 62.000 фармацевтски професионалци во Милано

„Алкалоид“ годинава по 23. пат учествува на CPHI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), глобален собир на фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на постојните партнерства и отворање нови деловни можности, соопшти компанијата.

Годинашното, 37. издание на CPHI се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, и собира повеќе од 62.000 фармацевтски професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет.

Настапот на „Алкалоид“ годинава се одвива во знакот на 90-годишнината од компанијата.

Во фокусот на презентацијата се производствените капацитети, портфолиото и клучните развојни достигнувања на компанијата.

„Алкалоид“ во Милано настапува со тим од 35 претставници од повеќе организациски сектори, кои во текот на трите саемски дена одржале средби со деловни партнери, добавувачи и потенцијални нови соработници.

Според компанијата, главниот акцент е ставен врз продлабочување на постојните партнерства, развој на нови деловни можности и проширување на меѓународната соработка со компании и други чинители во фармацевтската индустрија.

CPHI претставува глобална платформа за поврзување на компании, експерти и иноватори од различни делови на фармацевтскиот синџир, како и за претставување нови технологии и воспоставување деловни партнерства.

Од „Алкалоид“ велат дека континуираното присуство на овој настан е дел од долгорочната стратегија за следење на глобалните трендови во фармацевтската индустрија, зајакнување на меѓународната конкурентност и создавање нови партнерства.

Компанијата очекува новите знаења, технологии и деловни контакти да придонесат кон нејзиниот иден раст и понатамошно меѓународно позиционирање.

 

Related posts

Бугарија стана дел од Шенген по 13 годшно вето од Австрија

admin

Десет дена што ја потресоа ВИ-индустријата

admin

Османи: Ризикуваме изолација како таа од 2006 до 2017 година

admin

Мицкоски: Треба да се знае дека не одлучува Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти владата

admin

Белата куќа сигнализира подготвеност за крај на војната со Иран без целосно отворање на Ормускиот теснец

admin

Правдата за Фросина: Граѓаните гневни, системот под оган

admin