24.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна, оценува врвот на МНР

Македонската дипломатија се надева на најдоброто, но и се подготвува за најлошто сценарио во Украина. Можноста за ескалација на состојбата во Украина е се` поприсутна , оценува врвот на МНР.

За ситуацијата која може секој момент да кулминира со отворен руско-украински конфликт надлежните домашни институции и служби веќе се координирале. Повторен е повикот до македонските државјани да ја напуштат Украина додека можат.

„Пуштивме уште еден апел до нашите граѓани кои се таму да ја икористат можноста која може и да биде последна, да ги користат комерцијалните летови зашто гледаме дека и тие се откажуваат секојдневно. Мапирани се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци. Однапред им се исплатени 3 месечни плати“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Покрај македонските државјани кои се` уште се во Украина, ситуацијата за официјално Скопје дополнително ја комплицира и присуството на 30 набљудувачи, кои се дел од мисијата на ОБСЕ. Се` уште се проценува дали тие треба да се повлечат или дислоцираат.

„Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација. Нашата позиција е малку поспецифична, зашто ние сме дел од Тројката, дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБСE“, рече Османи.

Ова прашање ќе се решава во наредниот период и ќе зависи од развојот на ситуацијата во Украина, за која и властите во земјава сметаат дека е ризик за светскиот поредок – секоја суверена држава сама да си ги определува своите надворешно политичките приоритети./ VOA MK

Related posts

Русија ги предупреди САД дека Украина ќе биде нејзиниот „втор Виетнам“

admin

СДСМ и ДУИ со заеднички претседателски кандидат, но дали кандидат – Албанец?

admin

ОТКУПОТ ЗА САЈБЕР НАПАДОТ ВРЗ ФЗО НЕ БИЛ МИЛИОНСКИ

ninja

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

admin

Личи на сѐ, само на главен град – не!

admin