2.8 C
Скопје
23 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Украинските и руските трупи се борат за контрола на Киев

Експлозии и пукотници можеа да се слушнат денес во главниот град на Украина, Киев, додека руските и украинските сили се борат за контрола на градот.

Градските власти воведоа полициски час од 17 часот до 8 часот наутро. Украинските власти ги повикуваат граѓаните на земјата да помогнат во одбраната на Киев од руските сили.

Воена база во главниот град беше нападната, но, украинската војска соопшти дека нападот бил одвратен. Висококатница во главниот град беше погодена раноутрово.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека зградата била погодена од руски проектил.

Лице од спасувачките тимови, за Асошиетед прес изјави дека шест лица биле повредени во ракетниот напад. Видеоснимките од зградата покажаа голема штета на горните катови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека нападите врз Киев ќе станат поинтензивни денес.

„Киев бара посебно внимание“, рече тој, и додаде дека „не можеме да го изгубиме главниот град“.

Зеленски денес на Твитер објави дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Оружјето и опремата од нашите партнери се на пат за Украина. Антивоената коалиција работи“, напиша тој на Твитер.

Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека руските војници го зазеле градот Мелитопол во југоисточна Украина.

Руските власти во петокот изјавија дека нивните сили постигнале солиден напредок во, како што го опишаа, обидот за елиминирање на терористичката закана.

САД вчера објавија дека ќе ги замрзнат средствата на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по слични чекори преземени од Европската Унија и Велика Британија, додека државите ширум светот се обидуваат да ги заострат санкциите против руската Влада поради нејзината инвазија на Украина.

Министерството за финансии на САД ја објави мерката откако министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел едногласно се согласија да го замрзнат имотот и банкарските сметки на највисоките руски функционери.

Некои информации во овој текст се преземени од Ројтерс

Related posts

DW: Паралелна држава – приватни средби за државни проекти

admin

Ковачевски – Брнабиќ: Засилена соработка за иницијативата Отворен Балкан, деблокирање на евроинтеграциите

ninja

Бејта се врати кај Ахмети, заедно во Горно-рекански средби

admin

Тројца загинати во колата што падна во реката Лепенец, реагира Пацоли

admin

Грција ги легализира истополовните бракови

admin

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница во ОН

admin