36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Трите грешки на ресорот правда

Подготвен е амандман со кој ќе се елиминира можноста предлогот на  Закон за амнестија  да го опфати и „помагањето на сторител по извршено кривично дело“, во случаи каде сторителите се обвинети на доживотна казна затвор или на високи казни за други тешки кривични дела, дознава ДВ од правосудни извори, пишува ДВ.

Ова уследи откако меѓу посочените дела кои не подлежат на амнестија не се најде и кривичното дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“. Тоа на потенцијалниот список за амнестија ги исфрли и имињата на Хаки Азири – осуден на казна затвор од девет години, и Фејзи Азири – осуден на казна затвор од 15 години затвор за тоа дело во случајот „Монструм“. Односно, потенцијално и двајцата имаат можност за милост од државата, со оглед дека во законскиот текст се предлага осудените со казна затвор над шест месеци да се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна.

Ваквата можност го стави под сомнеж наративот дека амнестијата доминантно ќе се однесува на осудени лица, условно речено, за „полесни дела“, со цел нивна ресоцијализација и растоварување на казнено-поправните установи од прекумерниот број осуденици кои во моментов се наоѓаат на отслужување на затворска казна.

„Ако државата нема можност да ги рехабилитира лицата со помали тешки дела, тогаш, посочи Лога, тие ќе треба да се вратат дома како насилници или како криминалци“, стои објавена една од вчерашните клучни пораки на министерот Кренар Лога, на веб-страницата на Министерството за правда.

 

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

Се стега ли обрачот околу Вучиќ?

admin

ДУИ: Чаир не смее да се врати во рацете на поранешното раководство

admin

Мерц и Шолц: Пакт против миграцијата во Германија?

admin

СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО ОХРИД – УМЕРЕН ОПТИМИЗАМ ЗА ДОГОВОР ВУЧИЌ – КУРТИ

ninja

Николај Крастев: Тик-ток револуцијата на поколението Z е многу важен сигнал до политичарите во Бугарија

admin

НОВ ШЕФ НА ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ СЕ БИРА ИДНИОТ ПОНЕДЕЛНИК

ninja