29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Мега-извозен центар во Скопје, Даути: Ги отвораме портите на европскиот пазар за домашните производи

Компанијата „Даути-Комерц“ денеска започна со нова инвестиција која ќе го промовира извозот на стоките од земјава на европскиот и светскиот пазар. Со свеченост организирана од компанијата, во Сарај, Скопје, беше поставен камен-темелникот на „Извозниот центар“, кој ќе биде со површина од 30.000 метри квадратни со капацитет за складирање на над 50.000 тони стока, пренесува Инбокс7.

Центарот, кој ќе биде по најсовремени стандарди, се очекува да отвори нови работни места како во компанијата што инвестира, така и во компаниите кои ќе го порастат извозот на европскиот пазар. Компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети.

Генералниот директор на „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, рече дека изградбата на Центарот е наметната како потреба за развој на компанијата, која е концентрирана во извозот на локални производи на европските пазари и ќе биде двигател на домашната економија.

„Го трансформираме начинот на трговија во понапредна форма. Локалните производители сами немаат моќ да бидат на пазарите во ЕУ, но ние сме специјализирани во дистрибутивниот дел и ќе создаваме нови можности“, рече Даути.

Присутни на овој настан беа претставници на централната и локалната власт, како и голем број членови на бизнис заедницата.

 

Related posts

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

ЕУ замрзна 210 милијарди евра руски пари, Киев добива финансиски спас

admin

„Дигитална војна“ во Албанија? Рама ги мобилизира социјалистите

admin

Јаневска: Учебници ќе има за секое дете следната учебна година

admin

Турбуленции во Сојузот на стопански комори на Македонија: разрешени двајца потпретседатели

admin

Меџити: ДД се трансформира, ќе го зајакнеме ВЛЕН како обединет политички фронт

admin