10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Телефонски разговор Ковачевски – Денков: Потребен е конструктивен пристап

Важно е да се промовира конструктивна реторика и пристап во натамошната соработка, заклуиле денаска на телефонскиот разговор Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков.

Во разговорот било изразено очекување од двете страни, за добра меѓувладина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи.

“Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните. Заедничка е оценката дека е потребна конструктивност во пристапот и понатамошната соработка, за коешто постои увереност и кај двајцата премиери дека го очекуваат и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери”, се вели во соопштението на Владата.

Related posts

Швајцарија ги замрзна средствата на Мадуро

admin

Мицкоски: Законот мора да важи за сите, Обвинителството да постапи по пријавите на Арсовска

admin

Дали Русија го прислушувала германскиот Бундесвер?

admin

Рама: ЕУ да ја казни Србија

admin

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ „РАЗЛИЧНИТЕ“

ninja

„Ќе те силувам, ќе ти го убијам семејството“ – Арсовска нападната среде Чаир пред очи на полицијата

admin