25.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

ИСТРАЖУВАЊЕ НА РСЕ: Што ги обединува српските и романските ултранационалистички групи?

Од „поддршка“ на стадионот и скандирање „Косово е Србија“ до заеднички собири на кои се величат фашистичките водачи од минатото.

Објавите на социјалните мрежи укажуваат на оваа повеќегодишна соработка меѓу ултранационалистичките групи од Србија и Романија.

Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификуваше неколку романски и српски организации кои соработуваат во одбраната на „националните“ и „православните“ вредности.

Истовремено, тие учествуваат во настани поврзани со неофашизмот и испраќаат пораки на омраза кон ЛГБТ популацијата. Некои од нив во Србија учествуваа во акции против ромското население и невладини организации за човекови права.

Просрпско скандирање на романските ултранационалисти

„УЕФА е мафија“, „Косово е Србија“, пишуваше меѓу другото, во објавата објавена во септември на страницата на Инстаграм на романската ултранационалистичка група „Камарази“.

Објавата беше придружена со фотографија од двајца маскирани мажи кои држат платно на кое на англиски пишува и „УЕФА мафија. Нема почит“.

Повод за ваквата најава е натпреварот меѓу репрезентациите на Романија и Косово одржан на 12 септември во Букурешт, главниот град на Романија.

Навивачите на романската фудбалска репрезентација, меѓу кои и членови на организацијата „Камарази“, за време на натпреварот развиорија транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“ и поради тоа играта била прекината.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на 20 септември ја казни Романската фудбалска асоцијација поради ова просрпско скандирање, наредувајќи и на Романија следниот квалификациски натпревар за Европското првенство да го игра на празен стадион.

Како што може да се види во другите објави на групата „Камарази“ на Инстаграм, ова не е прв пат оваа романска група да испраќа пораки со поддршка до српските националисти.

Нејзините членови, како што може да се види во објава на Инстаграм во јуни, го посетиле Белград.

На фотографијата на Инстаграм може да се забележи дека членовите на оваа група држат транспарент пред храмот Свети Сава во Белград на кој на англиски пишува „Измислени земји, тоа е лажен фудбал за нас, тие ништо не ни значат“.

Во соопштението се наведува дека Романија не ја признава независноста на Косово, но дека „УЕФА ја принуди репрезентацијата на Романија да го одигра вечерашниот натпревар во Приштина“.

Соопштението се однесува на натпреварот кој романската репрезентација го одигра со селекцијата на Косово во Приштина во јуни, каде што исто така имаше инциденти. Романските навивачи потоа беа отстранети од стадионот откако извикуваа „Косово е Србија“.

 

Целото истражување прочитајте го ТУКА

Related posts

Секој трет во земјава поседува оружје

admin

Колку се богати македонските пратеници?

admin

Претставник на Стејт департментот поднесе оставка политиката на Бајден за војната меѓу Израел и Газа

admin

Османи: Загрижува влошувањето на односите на Косово со меѓународната заедница

admin

Дали Русија го прислушувала германскиот Бундесвер?

admin

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin