10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Министерот Алиу препорача скопјани да избегнуваат излегување поради чадот од „Дрисла“

Министерот за здравство Азир Алиу ги повика жителите на Скопје да избегнуваат движење на отворено, доколку немаат неопходна потреба, поради чадот што денови се издига од депонијата „Дрисла“. Тој нагласи дека досега загадувањето не предизвикало сериозни последици по здравјето на граѓаните.

„Заедно со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) анализиравме дали постои некој тип на загадување со штета по здравјето на граѓаните. Мирисот на чад се чувствува и не е пријатен. Воздухот во моментот не е на ниво на загаденост, кој што предизикува здравствени проблеми кај граѓаните. Препорачувам граѓаните да не се движат надвор, каде не е неопходно“ , рече Алиу по посетата на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека очекува чадењето да запре до вечер и најави дека на дивата депонија „Вардариште“ е распоредено приватно обезбедување за да се спречат нови палења.

Пожарот во „Дрисла“ се гаси со специјална пена, а на терен работи тешка механизација која го затрупува зафатениот дел. Властите соопштија дека дождот не придонел значително за гаснењето.

Стручњаците предупредуваат дека чадот содржи токсини опасни по здравјето. „Отровите од чадот можат да предизвикаат анемија, белодробни и срцеви заболувања,“ рече професорот д-р Љупчо Ѓорѓев.

Граѓански организации и опозициски партии ја обвинија власта за минимизирање на еколошката катастрофа, барајќи итни мерки за трајно решавање на проблемот со двете депонии.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во меѓусебни обвинувања за злоупотреба на партиски средства

admin

Германски парадокс: Црквите остануваат без верници, но заработуваат сè повеќе

admin

Здравствената мафија под удар, над 50 осомничени

admin

Исмет Гури спроведен во Кривичен

admin

Како да се примени теоријата на меѓународни односи во пракса

admin

Мицкоски зема двојно поголема плата од српскиот премиер Вучевиќ, помала од Рама

admin