25.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Веб-страници за ширење дезинформации никнуваат како печурки во Бугарија

Кога Полска неодамна беше домаќин на воените вежби на НАТО, оперативците за дезинформации почнаа да дејствуваат во Бугарија, земјата која претставува особено плодна почва за пријателски настроени наративи кон Кремљ.

Вежбите кои се одржаа од 4 до 5 март, како дел од програмата на НАТО „Steadfast Defender 24“, беа брзо и злобно пренесени како увертира за „инвазијата на НАТО на Русија“.

Еден наслов лажно предупредуваше: „Змеј 24: НАТО се подготвува за војна со Русија, војниците ја преминуваат полската река Висла…“, како очигледна мамка за кликнување и привлекување на повеќе читатели.

Веб-страницата не беше сама, туку дел од кластерот на таканаречените „печурки веб-страници “, кои чинат евтино и честопати никнуваат кога има некои големи настани – со цел да се „засадат“ дезинформации и лажни вести.

Најмалку 25 бугарски веб-страници, многу од нив се појавуваат како легитимни веб-страници за вести, објавија лажни вести за вежбите на НАТО, според неодамнешниот извештај на Дигиталната форензичка истражувачка лабораторија (DFRLab), аналитичка единица за дезинформации на Атлантскиот совет, тинк-тенк со седиште во Вашингтон. Една локална невладина организација неодамна објави дека бројот на такви веб-страници во Бугарија е 400.

Извештајот на DFRLab ги покажа видовите на веб-страници што се користат. Повеќето не беа примарно фокусирани на „сериозните“ вести, туку на теми за спорт, забава и меѓудругото начин на живот. Откако ќе се појават веб-страниците, содржината се шири низ социјалните медиуми, при што DFRLab забележува употреба на „кластер вести на Фејсбук“.

Тактиката на сајтови кои се множат како печурки за да шират дезинформации била користена и претходно.

„EU DisinfoLab“, невладина организација која ги надгледува напорите за спречување дезинформации во Европа, ја разоткри оваа „операција на влијание“ со седиште во Русија, која функционираше во Европа најмалку од мај 2022 година, само неколку месеци откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина.

Операцијата „Doppelganger“, како што се нарекува оваа кампања, користеше повеќе „клонови“ на автентични медиуми (најмалку 17 медиуми, вклучувајќи ги Bild, The Guardian и RBC Ukraine) и ги таргетираше корисниците со лажни написи, видеа и анкети. За да го постигнат ова, одговорните купија многу имиња на домени кои личеа на вистински медиумски брендови и ги копираа нивните дизајни.

Заработка со лажни вести

Се чини дека ширењето дезинформации е исплатливо. Во својот извештај, DFRLab откри дека стотици домени кои шират проруска пропаганда и користат платформи за дигитално рекламирање.

„Значи, покрај ширењето проруска пропаганда и агендата усогласена со интересите на Кремљ, бугарските печурки веб-страници, исто така, го монетизираат ширењето на дезинформации и користат наслови за кликање за да ги поттикнат корисниците да кликнат на линковите“, вели за Радио Слободна Европа, Сопо Гелава, автор на извештајот, во забелешки испратени по електронска пошта.

Во 2023 година, Центарот за проучување на демократијата, бугарски институт за јавна политика, објави дека постои врска помеѓу страниците што шират руски дезинформации и AdRain.bg, платформа за дигитално рекламирање во Бугарија.

Во своето последно истражување за DFRLab, Гелава „откри дека кај електронската пошта поврзана со рекламната платформа AdRain регистрирале најмалку 10 веб-страници во мрежата помеѓу 2013 и 2018 година“.

Ко-сопственикот на AdRain ги негираше тие тврдења.

„AdRain е платформа за опслужување реклами. Слично на Google AdSense, AdNow (друга онлајн рекламна компанија) и стотици други. Регистрацијата на AdRain е бесплатна и секој сопственик на страницата може да се регистрира на платформата и да ги користи нашите реклами преку шифра за следење на рекламите“, изјави Мирослав Кацаров за бугарскиот сервис на РСЕ и додава:

„AdRain не поседува 10 веб-страници. Дејството на AdRain е ограничено само на менаџирањето реклами. Предметните страници користат AdRain за менаџирање реклами и ова е единствената точка на допир“, додаде Кацаров.

Плодна почва

Со својата мешавина на проруски партии, недостиг на политичка волја и ниска медиумска писменост, членката на ЕУ, Бугарија, е главна цел на пропагандата водена од Кремљ, поради што земјата и традиционално има ниски резултати во годишниот Индекс на медиумска писменост на ЕУ.

И, според истражувањето на Евробарометар од есента 2023 година, кое го следи јавното мислење низ ЕУ, само 44 отсто од анкетираните Бугари се сомневаат во информациите од социјалните мрежи, во споредба со просекот на ЕУ кој изнесува 60 отсто.

Дезинформациите што се ширеа за време на пандемијата со Ковид-19 голем дел од нив од страна на проруската Бугарска социјалистичка партија и екстремно десничарската партија Преродба, барем делумно беа виновни за вртоглавото зголемување на стапката на инфекција во најсиромашната држава во ЕУ.

Од 2022 година, напорите за дезинформации се фокусирани на промовирање на рускиот претседател Владимир Путин како силен лидер и оправдување на војната на Кремљ против Украина, земја која е претставена како крајно корумпирана и преплавена од фашисти.

На пример, во 2023 година, страницата Factcheck.bg објави дека мрежата на веб-страници кои никнуваат како печурки ширела дезинформации за Кремљ, а некои од нив се и тоа дека децата на украинските бегалци во земјите на Европската Унија биле земени од нивните родители.

Една година претходно, украинската организација за проверка на факти StopFake објави дека бугарските веб-страници шират лажни вести во кои се тврди дека Украина извршила геноцид врз луѓето од регионот Донбас во источна Украина.

Поради некои од тие дезинформации кои го прикажуваат НАТО како агресор и сеат народни стравови од војна со Русија, бугарскиот министер за одбрана неодамна се пожали дека тоа имало влијание врз подготвеноста на армијата, односно дека помалку Бугари се пријавуваат во воените академии во земјата.

„Партиските членови, државните службеници и новинарите во традиционалните медиуми се исто така вклучени во ширење проруски дезинформации“, рече Ралица Ковачева, главен уредник на бугарската веб-страница Factcheck.bg.

И покрај обемот на проблемот, Софија не направи нешто за да се спротивстави на кампањите за дезинформација, додава Ковачева.

Бугарија повторно се најде заглавена во политички превирања, кога необичниот договор за поделба на власта постигнат по изборите во април 2023 година се покажа тежок за почитување. Сега Бугарија се подготвува за нов избори, шести вакви во последните три години (ќе се одржат на 9 јуни, односно истиот ден кога Бугарите ќе излезат на гласање на изборите за Европскиот Парламент).

Ковачева се надева дека во пресрет на прелиминарни избори ќе има некаков позитивен развој во институционалната борба против дезинформациите. / RSE

Related posts

Ванковска: Јас сум за евроинтеграција, но на сосема поинаква основа

admin

БЕРБОК: МОЖЕН НЕУСПЕХ НА КЛИМАТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ninja

РУСКА АМБАСАДА: НЕМА ОСНОВА ВО ТВРДЕЊАТА НА ОСМАНИ ДЕКА РУСИЈА Е ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА КОНФЛИКТИ НА БАЛКАНОТ

ninja

Санкциите на ЕУ до страотен резултат: Увозот на нафта од Русија падна за 90 отсто

admin

Русија штотуку и дала на Украина услови за завршување на војната?

admin

ИНТЕГРИТЕТОТ НА НОВИНАРИТЕ, УСЛОВ ЗА НЕЗАВИСНА УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА

admin