8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Македонија е пресиромашна за „нула отпад“, но отворен сум за дебата

Македонија има егзистенцијални проблеми и не може лесно да спроведе модел на „нула отпад“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека е подготвен за разговор со здруженијата и експертите.

„Отворен сум за дебата, ако идејата е спроведлива, зошто да не. Немаме скриени агенди,“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека земјата е пресиромашна за скапи скандинавски решенија, но ја поддржува опцијата за јавно-приватно партнерство во депонијата „Дрисла“, каде би се изградил погон за преработка на отпад и за производство на електрична енергија од метан.

Премиерот призна дека очекувал реакции против планот за нови депонии, но најави дека ќе ги покани сите страни на дебата пред отпочнување на процедурата.

Тој се пофали со успешно завршената противпожарна сезона во споредба со соседните земји, и ги обвини политичките противници дека во предизборието создаваат паника околу чадењето на депониите.

Мицкоски најави дека со општествено одговорни градежни компании ќе се расчистат депониите „Вардариште“ и „Дрисла“. „Тоа е проблем создаван со децении, но ние ќе го решиме,“ рече тој.

Според него, во „Дрисла“ треба да се изгради фабрика која ќе го користи метанот за производство на струја. Тој додаде дека полицијата неодамна привела три лица на „Вардариште“ кои нелегално гореле бакар и други метали.

Related posts

Вардарската прослава се претвори во политички и медиумски скандал

admin

Ултиматум за германската влада – есен на одлуки

admin

Лишен од слобода албански државјанин, користел лажна патна исправа

admin

Власта со Буџетот ветува повисоки плати, синдикатите гледаат кратење

admin

Агелер: Нема законска обрска за ДУИ да биде дел од владата

admin

„Албанец ми го спаси животот“: Преживеаниот од летот на „Рајанер“ Каровиќ ја раскажа драмата

admin