22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Агелер: Тоа прашање е за професорот Мицкоски, не можам јас да одговарам место него

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска, 10 август, ја претстави позицијата на Вашингтон околу преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ), потенцирајќи дека е „лажна вест“ оти може да се смени преговарачката рамка усвоена лани летото, пренесува Инбокс7.

Таа нагласи и дека „обврските мора да се исполнуваат“.

„Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси. Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести“, рече Агелер во интервју за Канал 5.

Според неа, „исто така, лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не е откриен“.

„Амбасадорот на ЕУ овде во Скопје, но и Брисел, беа многу јасни дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија. Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат. И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки“, рече Агелер.

Таа не сакаше директно да ја коментира најавата на опозицијата дека нема да гласа за уставните измени и рече дека „тоа е веројатно прашање кое најдобро е упатено до професорот Мицкоски, кој е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и не можам да одговорам наместо него“.

„Многу се надевам дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за земјата и ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации. Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. И тоа е државна цел на оваа земја и речиси 80 проценти од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ. Патот напред е многу јасен“, изјави американската амбасадорка.

Related posts

Колку надворешни политики води Северна Македонија?

admin

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

ninja

Муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам со молитви и принесување жртва

admin

АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

ninja

Фидан во Скопје: Турција ќе продолжи да инвестира во Северна Македонија

admin

Македонските универзитети испаднаа од глобалната академска мапа

admin