10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонските универзитети испаднаа од глобалната академска мапа

Ниту еден универзитет од Северна Македонија не се најде на најновата листа „Глобал 2000“ на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR), што повторно го отвори прашањето за квалитетот, истражувачката продукција и меѓународната видливост на високото образование во земјата.

Листата е изработена врз основа на анализа на повеќе од 80 милиони податоци и опфаќа 21.291 високообразовна институција, од кои само најдобрите 2.000 се рангирани.

Најдобро рангиран универзитет од регионот е Универзитетот во Белград, на 393. место. По него следуваат Универзитетот во Љубљана на 444. место и Универзитетот во Загреб на 522. место.

Од Србија, на листата се најдоа и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. Од Хрватска, Универзитетот во Сплит е рангиран на 953. место, а Универзитетот во Риека на 1.658. место. Универзитетот во Марибор од Словенија е на 1.293. место.

Бленди Ходаи, студент на Филозофскиот факултет, граѓански активист и директор на Форумот за образовни промени, во изјава за Дојче Веле реагираше дека ова е втора година по ред во која ниту еден македонски универзитет не влегува меѓу најдобрите во светот.

„Во меѓувреме, универзитетите во Крагуевац и Ниш се рангирани пред УКИМ, УТ и останатите универзитети во државата“, рече Ходаи, оценувајќи дека соседните земји повеќе инвестираат во квалитет, наука и меѓународна видливост.

На врвот на глобалната листа се Харвард, МИТ, Стенфорд, Кембриџ, Оксфорд, Принстон, Универзитетот во Пенсилванија, Колумбија, Јеил и Универзитетот во Чикаго.

САД имаат осум од првите десет универзитети во светот и 313 институции меѓу најдобрите 2.000. Кина има најмногу универзитети на листата – 360. Јапонија има 102, Обединетото Кралство 89, Франција 71, Германија 69, а Русија 42 универзитети.

Рангирањето на CWUR се базира на четири критериуми: квалитет на образование, вработливост на дипломирани студенти, квалитет на наставен кадар и истражувачка работа. Истражувачката работа има најголема тежина, 40 проценти.

CWUR не користи анкети или податоци доставени од самите универзитети, туку се потпира на објективни индикатори, како број на објавени трудови, публикации во водечки списанија, влијание на истражувањата и цитираност.

 

Related posts

Русија го освои градот Херсон по една недела од инвазијата на Украина

ninja

Радев: Со Македонија немаме нерешени билатерални односи

admin

Гласот на граѓаните се слуша, но дали ќе донесе трајни промени?

admin

Мицкоски: Подготвени сме за вонреден попис ако има сомнежи во податоците

admin

Филипче бара референдум против Мицкоски: Граѓаните ќе ја плаќаат цената за блокадата на ЕУ

admin

Бахмут падна под целосна контрола на Вагнер, Зеленски: „Русите уништиле сè“

admin