22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пратеникот Лефков обвинува за „синхронизиран напад“ откако бугарски медиум објави детали за неговото семејство

Пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, обвини за координирана хибридна офанзива против него и неговото семејство, откако бугарскиот весник 24 Часа објави дека повеќе членови од неговото семејство во Кочани се бугарски државјани.

Весникот објави дека околу дваесетмина роднини на Лефков, меѓу кои и неговиот брат Иван, се стекнале со бугарско државјанство преку потврда за бугарско потекло. Според медиумот, тие изјавиле дека имаат дедо Бугарин и се чувствуваат како Бугари.

Лефков, кој неодамна тврдеше дека бугарските разузнавачки служби водат операција за дискредитација на премиерот Христијан Мицкоски, остро реагираше на написите, оценувајќи ги како дел од организирана кампања.

„Хибридна офанзива во полн ек! Објави насочени против мене и мојата фамилија – за минута преземени на страници кај нас. Лаги, дискредитации, стартуваат по нарачка од ботови или бугарски извори, а потоа молневито се шират“, напиша Лефков на социјалните мрежи.

Тој ја обвини опозициската СДСМ дека со изјави за „жолти комбиња“ и „параноја“ се обидува да ја минимизира ситуацијата и да го дефокусира вниманието од, како што рече, реалните закани кон македонските политичари што ги штитат националните интереси.

„Ова не е параноја, туку организирана операција. СДСМ да одбере страна – рацете подалеку од фамилијата, рацете подалеку од Македонија“, изјави тој.

Во телевизиско интервју на ТВ Алфа, Лефков оцени дека постои синхронизација меѓу делувањето на СДСМ и наративот на официјална Софија, што според него, упатува на „анти-македонски и пробугарски“ ставови на опозицијата.

 

 

Related posts

Османи се стретна со Кралот Чарлс Трети

admin

Избрани министрите за здравство и информатичко општество

admin

Ахмети ќе ги открие плановите од „црвените подруми“

admin

Трамп отвора нова битка: Кој ќе ја преземе најмоќната обвинителска канцеларија?

admin

Трка со време: Владата има два месеци за клучни реформи

admin

ВЛЕН: Владата е силно посветена на европската агенда

admin