8.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

СДСМ: Следува нов ценовен шок на горивата, граѓаните повторно ќе ја платат сметката

СДСМ соопшти дека најавеното поскапување на горивата во регионот ќе има последици и врз македонските граѓани, обвинувајќи ја Владата дека не презема мерки за заштита на животниот стандард.

Од партијата посочуваат дека во Хрватска веќе се ограничува точењето гориво во пресрет на најавениот раст на цените и прашуваат дали премиерот Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика граѓаните од соседните земји да точат гориво во Македонија.

СДСМ тврди дека минатогодишното намалување на ДДВ за горивата ја претворило Македонија во „бензинска пумпа за регионот“, при што, според нив, државниот буџет изгубил значителни приходи без долгорочна корист за домашните граѓани.

Во соопштението се наведува дека инфлацијата продолжува да ги намалува реалните приходи, потрошувачката кошничка поскапува, минималната плата и пензиите не го следат растот на цените, а земјоделците се соочуваат со повисоки трошоци за гориво, ѓубрива и репроматеријали.

Опозициската партија тврди и дека за две години Владата ја зголемила задолженоста на државата за околу 2,5 милијарди евра, дека странските инвестиции се намалиле за повеќе од 60 проценти, а европскиот интегративен процес е блокиран, што, според СДСМ, ја ограничува можноста за користење на европските фондови.

„Повисоки цени, пониски реални приходи, поголем долг, помалку инвестиции и изолација“, наведува СДСМ, оценувајќи дека економската политика на Владата носи краткорочни политички поени, но долгорочни последици за економијата и животниот стандард на граѓаните.

Related posts

ЕУ (не) ги отфрли барањата на превозниците од Западен Балкан

admin

Турбуленции и на Кардиохирургија: Има ли зголемена смртност?

admin

МАЛ НАПРЕДОК“ ИЛИ ШАНСА ЗА „ИСТОРИСКИ ДОГОВОР“?

ninja

„На гладен стомак не се учи“: Активисти бараат бесплатен оброк за сите ученици во државата

admin

Почина Сем Нил, легендарниот актер од „Jurassic Park“

admin

Трамп повикува на крај на примирјето во Газа ако сите заложници не бидат ослободени до сабота напладне

admin