4 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Бајден: Нова помош за Украина, само оваа недела одделени една милијарда долари од САД

Претседателот Бајден од Белата куќа му се заблагодари на украинскиот претседател Володимир Зеленски за видео-обраќањето до членовите од Конгресот.

„Ова се злосторства од Русија, светот е гневен, светот е обединет во поддршката за Украина и нашата решеност да го натераме Путин да плати многу висока цена. Америка го предводи овој напор, заедно со нашите сојузници и партнери обезбедувајќи огромни нивоа на безбедност и хуманитарна помош што ја додаваме денес и ќе продолжиме да правиме повеќе во деновите и неделите што следат“ изјави претседателот Бајден.

„Ја поткопуваме економијата на Путин со казнени санкции. Тоа само ќе стане поболно со текот на времето со НАТО и ЕУ зад нас, но и многу други земји“, рече Бајден и додаде – „Во прашање овде се принципите за кои се залагаат САД и Обединетите нации и ширум светот. Се работи за слобода. Се работи за правото на луѓето сами да си ја одредат иднината. Се работи за тоа да се осигураме дека Украина никогаш нема да биде победа за Путин, без разлика каков напредок ќе постигне на бојното поле“.

Претседателот на САД се осврна на помошта, доставување повеќе оружје за Украина да се брани повеќе против руската агресија.

Минатата година и испративме на Украина повеќе безбедносна помош. Шестотини и педесет милиони долари во оружје, вклучително и противвоздушна противоклопна опрема пред инвазијата.
Претсседателот Бајден за помошта кон Украина

„Ние ја започнавме помошта за Украина пред да започне оваа војна. Многу сериозно ја сфативме заканата за инвазија од Путин. Минатата година и испративме на Украина повеќе безбедносна помош. Шестотини и педесет милиони долари во оружје, вклучително и противвоздушна противоклопна опрема пред инвазијата“, потсети првиот човек на САД.

Овластив, одделување, рече Бајден, на уште 200 милиони долари за да се одржи постојан проток на оружје и муниција во Украина сега и уште еднаш користејќи ги моите претседателски овластувања за активно активирање дополнителна безбедносна помош за да продолжи да и помага на Украина да го одбрани рускиот напад, дополнителни 800 милиони долари помош.

„Со тоа вкупната нова американска безбедносна помош за Украина на една милијарда долари само оваа недела“, изјави Бајден.

Тој му се заблагоди на Конгресот што ги усвои овие средства, вклучувајќи го новиот пакет помош. Помошта кон Украина, вклучува 800 против-воздушни системи за украинската војска да може да продолжи, да ги запира авионите и хеликоптерите кои го напаѓаат нивниот народ и да го брани украинскиот воздушен простор.

Нашите сојузници и партнери се засилија да обезбедат значителни пратки безбедносна помош и ќе продолжат да помагаат во олеснувањето на овие испораки, рече Бајден.

„Ние сме обединети во одвраќање на нападот од Путин и ќе продолжиме со поддршка во време кога се борат за својата слобода, нивната демократија, нивниот опстанок“, изјави претседателот.

„Ќе го продолжиме притисокот врз Путин“, рече Бајден.

„Неговата економија се распаѓа, изолирајќи го на глобалната сцена. Тоа е нашата цел. Да го натераме Путин да ја плати цената за да ослабне неговата позиција на бојното поле и на преговарачката маса, заедно со нашите сојузници и партнери. Ќе го продолжиме курсот и ќе направиме се што можеме за да се заложиме и да ставиме крај на оваа трагична, непотребна војна, порача американскиот претседаател Џо Бајден од Белата куќа.

Related posts

Пораки за обединување, но и меѓусебни критики за Денот на македонската револуционерна борба

admin

,,Гласна тишина” (Loud Silence) на Мартина Спасовска

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

ПОВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

ninja

Продолжуваат неправилностите во болниците, Обвинителството со нов предмет

admin

Мирно по жестоките судири во Косово, НАТО распоредува дополнителни сили

admin