31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче од Куманово: Не водиме црна кампања, туку ја кажуваме вистината за политиките на власта

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави денеска во Куманово дека неговата партија „не води црна кампања, туку ја кажува црната вистина за државата“, која, според него, е резултат на политиките на премиерот Христијан Мицкоски.

Филипче, придружуван од кандидатот за градоначалник Мартин Костовски, ги критикуваше економските политики на Владата и тврди дека пензионерите се последната група граѓани кои биле излажани со минимално зголемување на пензиите. „97 проценти од пензионерите добија само 1.000 денари,“ рече тој.

Тој го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека избегнува реформи и дека бара контрола врз судството, повикувајќи го Мицкоски да покаже одговорност доколку, како што вели, навистина се противи на корупцијата. „Го слушам како се заканува дека ќе менува судии и обвинители, но никој не му се плаши,“ рече Филипче на собир во Кисела Вода.

Лидерот на СДСМ исто така оцени дека ВМРО-ДПМНЕ соработува со ДУИ и Левица на локално ниво, иако јавно ги критикува. „Нивните спинови се смешни,“ изјави тој.

Во однос на евроинтеграциите, Филипче повторно го повика Мицкоски на обединување за уставните измени. „Христијан, тргни ја суетата, не ти ја земам македонштината,“ рече тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со обвинувања дека Филипче прави тајни договори со Бугарија, а од движењето ЗНАМ го нарекоа „човек кој носи пари кај Заев во Дубаи“.

Филипче, пак, порача дека СДСМ нуди кандидати „со професионалност и личен интегритет“ и дека изборите ќе бидат избор меѓу „партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ“ и „држава за сите граѓани“.

 

 

Related posts

ПУТИН ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА РУСКА НАФТА ВО ЗЕМЈИТЕ КОИ ВОВЕДОА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

ninja

Зеленски појасни дека Бакхмут не е под руска контрола:„Русија ќе ја почувствува нашата контраофанзива“

admin

Уште еден пратеник му го сврте грбот на Таравари

admin

АфД – нова неолиберална работничка партија?

admin

ЕУ примила 4,3 милиони имигранти во 2023 година

admin

Израел се подготвува да ја заврши војната со Иран „во наредните денови“ – велат безбедносни извори

admin