29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТСПОРТ

Хаос во Париз по титулата на ПСЖ: 780 уапсени и над 200 повредени

Најмалку 780 лица се уапсени, а 219 се повредени во немирите што избувнаа низ Франција по победата на Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека повеќе од 450 лица се задржани во притвор, додека 57 полицајци се повредени за време на судирите со навивачите и демонстрантите.

Осум од повредените се во сериозна состојба, а едно лице загинало во сообраќајна несреќа на обиколницата околу Париз, каде демонстранти се обиделе да го блокираат сообраќајот.

Насилствата избувнаа по завршувањето на натпреварот, кога илјадници навивачи се собраа на Шанзелизе за да го прослават трофејот. Дел од собирите прераснаа во судири со полицијата, при што беа палени велосипеди, активирани пиротехнички средства и оштетени излози на продавници.

Полицијата употреби солзавец за растерување на толпата во центарот на Париз, додека беа нарушени автобускиот, железничкиот и градскиот превоз.

„Огромното мнозинство граѓани славеа мирно, но имаше групи кои не дојдоа поради фудбалот, туку за да предизвикаат нереди. Нашиот одговор ќе биде цврст“, изјави Нуњез.

Француските власти распоредија околу 6.000 полицајци пред неделната победничка парада на ПСЖ кај Ајфеловата кула, каде се очекуваат десетици илјади навивачи.

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен ги искористи настаните за критика на безбедносната состојба во земјата.

„Само во Франција победа на фудбалски клуб предизвикува немири“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Играчите на ПСЖ во текот на денот треба да учествуваат на свечена парада во Париз и да бидат примени од францускиот претседател Емануел Макрон.

Немири и судири беа регистрирани и минатата година по освојувањето на европската титула од страна на ПСЖ, кога прославите исто така завршија со жртви и голем број апсења.

Related posts

Зошто во Франција сега ќе биде комплицирано

admin

ДУИ ја исклучи “Огнената група”

admin

ЕП со порака до С Македонија: По успешниот скрининг, време е за уставни измени и конкретни резултати

admin

Струјата ја запали салата: Мицкоски и Филипче во жесток судир во Собранието

admin

Кој се плаши од предвремени парламентарни избори?

admin

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

admin