18.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче повика на широк фронт против Владата: „Оваа власт ја води државата во изолација“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика политичките партии, граѓанските организации, активистите и граѓаните да се приклучат на новоформираниот „Фронт за слобода и правда“, оценувајќи дека актуелната влада ја води државата во погрешна насока.

Говорејќи на изборниот конгрес на НСДП, Филипче му честиташе на претседателот на партијата, Горан Мисовски, за досегашната работа и се заблагодари за долгогодишната коалициска соработка.

„Коалицијата и соработката продолжуваат и понатаму, сега во нова форма – Фронтот за слобода и правда“, рече Филипче.

Тој изјави дека поканата за приклучување е упатена не само до партиите кои веќе се дел од опозицискиот блок, туку и до други политички субјекти, вклучително и партии кои соработуваат со владејачката коалиција.

Филипче ги повика и граѓанските организации, интелектуалците, студентите, младите и пензионерите да се приклучат на иницијативата, тврдејќи дека земјата нема перспектива со сегашната власт.

Лидерот на СДСМ ја обвини Владата за корупција, економско назадување и меѓународна изолација на државата, како и за, како што рече, застапување на туѓи интереси.

„Македонија повторно ќе биде на вистинскиот пат кон Европа, повторно ќе биде демократска и слободна држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина“, рече Филипче.

 

Related posts

Руски генерал убиен во експлозија на автомобил во Москва

admin

Кошта доаѓа во Скопје: Ќе има ли нова понуда за деблокада на евроинтеграциите?

admin

Договор или „обезглавување“: Трамп повторно му се закани на иранското раководство

admin

Грција подготвува мерки за помали гужви на Евзони: Биометриските контроли создаваат доцнења

admin

Од Крушево до АСНОМ: Политичарите повикаа на единство, правда и одговорност

admin

Запален автомобилот на Артан Груби

admin