14.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет

Првите километри од автопатот Прилеп-Битола се очекува да бидат завршени следната пролет, додека кон крајот на јуни или почетокот на јули треба да почне да сообраќа и патнички воз меѓу двата града, изјави министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски.

При посетата на Општина Могила, Николоски рече дека изградбата на автопатската делница се одвива според планираната динамика и дека роковите ќе бидат испочитувани.

„Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, економијата и поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар“, изјави Николоски.

Според него, новата автопатска делница ќе овозможи побрз транспорт, подобра регионална поврзаност и дополнителен економски развој на Пелагонискиот регион.

Паралелно со изградбата на автопатот, Министерството за транспорт работи и на повторно воспоставување на железничката линија меѓу Прилеп и Битола.

Николоски најави дека меѓуградскиот воз би можел да почне да сообраќа до почетокот на јули, со цена на билет од околу 150 денари.

„Интензивно работиме со железничките претпријатија за подготовка на инфраструктурата, особено на патните премини, и за обезбедување соодветна фреквенција на возови“, рече тој.

Министерот најави и скорешно активирање на товарниот железнички сообраќај кон Прилеп и Битола, посочувајќи дека веќе постои интерес од компании за користење на железнички транспорт за превоз на стоки.

Владата оценува дека комбинираното инвестирање во патната и железничката инфраструктура треба да придонесе за економско оживување на Пелагонија и подобра транспортна поврзаност на регионот.

Related posts

РУСКА ПРОПАГАНДА ПРЕД ИЗБОРИТЕ: Како Москва преку медиуми и вештачка интелигенција ја таргетира Косово

admin

Македонија, Србија, Бугарија и Грција договорија зимска размена на струја и нови енергетски врски

admin

СКОПЈЕ И СОФИЈА СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН ЗА 4 ФЕВРУАРИ

ninja

Брижит Макрон бесна поради пораки? Нова книга ја тресе француската политика

admin

Поразот на Орбан го тресе десничарскиот популизам – Баденок: „Нема да трае долго“

admin

Американците го превземаат „Лукоил“

admin