11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Нова ера во Унгарија? Урсула фон дер Лајен го пречекува наследникот на Орбан во Брисел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во петок во Брисел ќе се сретне со новиот унгарски премиер Петер Маѓар, во обид да се рестартираат односите меѓу Европската Унија и Унгарија по долгогодишните конфликти за време на владеењето на Виктор Орбан.

Потврдата за средбата дојде од портпаролката на Европската комисија Паула Пињо, неколку дена по шпекулациите дали состанокот воопшто ќе се одржи.

Петер Маѓар, чиже центристичко движење победи на изборите минатиот месец, се обидува да ги деблокира милијардите евра европски фондови што беа замрзнати поради, како што оценува Брисел, прекршување на владеењето на правото за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

Новата унгарска влада како приоритет го постави ослободувањето на 10,4 милијарди евра од европскиот фонд за постпандемиско закрепнување.

Министерката за надворешни работи Анита Орбан изјави дека Будимпешта забрзано работи на исполнување на условите поставени од Европската комисија, бидејќи рокот за официјално барање на средствата истекува на 31 август.

Петер Маѓар претходно изјави дека веќе постои „политички договор“ за ослободување на замрзнатите средства, иако претставници на Европската комисија посочуваат дека остануваат уште неколку технички прашања.

Маѓар веќе се сретна со Урсула фон дер Лајен во април, кога започнаа разговорите за деблокирање на европските фондови.

Покрај средбата со фон дер Лајен, новиот унгарски премиер во Брисел ќе разговара и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и со белгискиот премиер Барт Де Вевер.

Брисел со години беше во судир со владата на Виктор Орбан поради прашања поврзани со демократијата, медиумите, судството и владеењето на правото, што доведе до замрзнување на значителен дел од европските средства за Унгарија.

Related posts

Раскол во НАТО околу Украина – Британија и Франција го блокирале планот на Руте

admin

Што следува по уставните измени: петте можни точки на ново вето од Бугарија

admin

Преживеан сведочи дека недостасувале безбедносни мерки во кочанската дискотека „Пулс“

admin

Ексдиректорот Димовски: АНБ лажела за истрагата – предметот го работеле прераспоредени службеници, не внатрешната контрола

admin

Државата подготвува нови мерки за инфертилитет, адолесценти и родово насилство

admin

Предвремени избори или политички притисок?

admin