4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Постапката за измени на Уставот почнува, Џафери ги кажува можните сценарија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече денеска на брифинг со новинари дека процедурата за уставни измени ќе започне, без разлика што нема двотретинско мнозинство за изгласување на истите. 

Објаснувајќи ја процедурата, тој рече дека од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени во Собранието до нивното усвојување минимално се потребни 4,5 месеци.

Веднаш штом Владата ја потпише Предлог – иницијативата за уставни измени кои ги состави Работната група, таа треба да биде доставена во Собранието. Во рок од 30 дена по доставувањето, Иницијативата треба да биде разгледана во законодавниот дом. Потоа, во следните десет дена за неа ќе расправа Комисијата за уставни измени, а подоцна следува и расправа на пленарна седница на која претресот може да трае исто така најмногу десет работни дена, објаснува Џафери,  пренесува РСЕ.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, во случајот со 80.

Џафери додава дека доколку нема две третини на првото гласање за Иницијативата за измени на Уставот, процедурата ќе прекине.

Но ниту со деловникот, ниту со други закони не е утврдено дали треба да помине време до поднесување на друга иницијатива. Доколку не се гласа во сегашниот парламентарен состав, тогаш новоизбраното Собрание ќе може да гласа за иницијативата за измени на Преамбулата на Уставот.

За тоа дали ова би било сценарио за избори, тој вели дека нема пречки доколку има 61 глас за распуштање на Парламентот.

Доколку пак се усвои Иницијативата за уставни измени, Собранието со заклучок утврдува рок во кој подносителот на предлогот за пристапување кон измена на Уставот изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот. Рок за ова нема, но претседателот Џафери очекува тоа да заврши за 10 до 15 дена.

Нацртот на амандманите Собранието го става на јавна дискусија, која се очекува да заврши за најмногу 15 дена.

Related posts

Над 60 загинати и 145 повреди: најсмртоносниот терористички напад во Русија

admin

Македонските ќебапи од Гарфилд, Њу Џерси најбарани во САД

admin

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin

Мигранти од Централна Азија војуваат против Украина за Руско државајнство

admin

БЛИНКЕН ВО ГРЦИЈА ВЕРОЈАТНО ЌЕ РАЗГОВАРА И ЗА ВЛЕЗОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ, РЕЧЕ ДОНФРИД

ninja

РОДНИНИТЕ ЧЕКААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ ЗА НЕСРЕЌАТА КАЈ СТРУМА

ninja