15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Живот зад решетки: Пренатрупаност, нехигиена и системски пропусти

Македонскиот пенитенцијарен систем се соочува со сериозни недостатоци, меѓу кои пренатрупаност, лоши материјални услови, недоволен број кадар и нехигиена, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија.

Според ревизорите, условите во затворите не ги исполнуваат меѓународните стандарди за хуман третман, а несоодветното управување и недостигот на активности за ресоцијализација дополнително го влошуваат системот.

Извештајот, кој го опфаќа периодот 2021–2023 година, открива дека затворите во Идризово, Скопје, Куманово и Штип се најтешко погодени. Во некои ќелии со површина од 14 м2 се сместуваат и по осум осудени лица. Во КПД Идризово, ревизорите забележале нефункционални санитарии, влага, валкани душеци и непријатен мирис.

Во Затвор Скопје, ревизорот наведува дека хигиената во одделите за притвор е под секое ниво. Затворот во Куманово, пак, се соочува со недостиг на вода, што дополнително ја отежнува хигиената. Во повеќе установи, осудените користат по една чешма на кат.

И покрај донесувањето на Законот за амнестија во 2023 година и развојот на пробациската служба, затворската популација расте. На крајот на 2023 година, бројот на затвореници изнесувал 2.265, што е 140 лица на 100 илјади жители – меѓу највисоките стапки во Европа.

Капацитетите се надминати во седум од вкупно единаесет установи. Највисока пренатрупаност е забележана во КПД Штип, каде бројот на затвореници го надминува капацитетот за 89 лица.

Дополнително, затворската полиција работи со недоволен број кадар – во Идризово, еден припадник на обезбедувањето е задолжен за над 50 затвореници во одредени смени. Недостига и соодветна безбедносна опрема и системи за видео надзор.

Ревизијата нотира и зголемени трошоци поради прекувремена работа, како и финансиски обврски по основ на судски пресуди за неисплатени надоместоци.

Извештајот е уште една потврда на долготрајните критики од Европската комисија за состојбите во затворите, кои се наведени и во Извештајот за напредок на Северна Македонија за 2024 година.

 

 

 

Related posts

Ахмети со нов притисок врз Уставниот суд

admin

СДСМ ги одреди носителите на кандидатските листи

admin

Србија во трка со времето: НИС бара ново одложување на американските санкции

admin

РСЕ: „Феникс“ – истрага која го врати од заборав „Скопје 2014“

admin

Изет Меџити со остри критики кон раководството на ДУИ: 2-3 луѓе решаваат за се

admin

Корупција, криминал, предавство – тешки обвинувања на релација Мицкоски-Филипче

admin