28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Истрагата за Артан Груби е завршена

Истрагата против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е практично завршена, но властите и понатаму не располагаат со информации каде се наоѓа, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Коцевски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека се чека само постапката за екстрадиција да биде активирана, додавајќи дека сите докази и потребната документација се веќе обезбедени, вклучително и финансиската истрага што го следела движењето на средствата поврзани со случајот.

Тој не прецизираше во која држава се сомневаат дека се наоѓа Груби, нагласувајќи дека лоцирањето на осомничениот не е во надлежност на Обвинителството и дека институцијата не добила официјални информации од другите органи вклучени во потрагата.

Груби, кој ја напушти земјата пред неколку месеци, е осомничен во истрага поврзана со злоупотреба на службена положба и корупција. Случајот е дел од пошироките напори за справување со корупцијата, која, според Европската комисија, останува „сериозна загриженост“ во многу сектори.

Обвинителството очекува екстрадицијата да биде побарана веднаш штом надлежните служби ќе го потврдат местоположбата на поранешниот вицепремиер. Судењето може да започне дури откако тој ќе биде вратен во земјата.

Related posts

Филипче го обвини Мицкоски за дипломатска изолација и застој на европскиот пат

admin

Кога ќе се смират бранувањата за „Преспа“?

admin

Случајот со убиството на Вања: Осомничените ја зборуваат вистината

admin

САД запленуваат нафта од бродови во судирот со Иран

admin

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди по заминувањето на Таравари

admin

Владата разгледува укинување на ДДВ за основна храна, најавено и намалување на акцизите за горивата

admin