19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАХРОНИКА

Измама од 50.000 евра со брзи кредити – вмешан и вработен во Фондот за здравство

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривични пријави против 43 лица осомничени за измами со брзи кредити, меѓу кои и еден вработен во Фондот за здравствено осигурување. Осомничените, со користење лични податоци на други граѓани и фалсификувани документи, прибавиле противправна имотна корист во износ од над три милиони денари (приближно 50.000 евра).

Полицијата информира дека четворица од пријавените се осомничени како организатори на шемата, додека останатите се товарат за помагање и соизвршителство. Истражителите утврдиле дека невработени лица се прикажувале како вработени, при што биле користени фалсификувани исправи и електронски потписи за да се аплицира за повеќе кредити кај различни финансиски институции во еден ден.

„Осомничените, без согласност на оштетените, користеле нивни лични податоци, правеле лажни јавни исправи и внесувале невистинити податоци во системите на финансиски друштва. Кредитите биле подигнувани на имиња на трети лица, кои потоа биле задолжени да ги вратат средствата“, соопшти МВР.

Дел од осомничените, според полицијата, обезбедувале лажни информации за вработување, со што кредитните друштва ги оценувале како кредитоспособни. Во ова, клучна улога одиграл и вработен во Фондот за здравство, кој преку службен пристап обезбедувал Единствен здравствен број на осигурени лица, што потоа се користел за злоупотреби.

Средствата биле повлекувани од сметки и најчесто предавани на организаторите на измамата.

Измамите со брзи кредити не се новитет. Претходни случаи покажаа дека лични податоци на граѓани – добиени преку социјални мрежи или од лични документи – се користат за подигнување кредити без нивно знаење. Според експерти, ваквите злоупотреби се поттикнати од агресивни маркетинг кампањи на кредитни компании и недоволна информираност на граѓаните.

Народниот правобранител претходно предупреди дека граѓаните не се свесни за ризиците, при што зад рекламите за „брзи и безбедни заеми“ се кријат високи трошоци кои понекогаш достигнуваат до 50% од износот на кредитот.

Иако Министерството за финансии донесе правилник со кој се бара физичко присуство при аплицирање за кредит, дел од компаниите сè уште нудат целосно онлајн апликации, со ветување дека средствата ќе бидат исплатени за само неколку минути.

.

 

 

Related posts

Македонска „храна“ за бугарските наративи

admin

Таравари: Фронтот и ДУИ полека се растураат!

admin

Ќе претседава ли Северна Македонија уште една година со ОБСЕ?

admin

Поради злоупотреби – балансерот оди во историја

admin

Тензии во Косово: Српска листа бара косовската полиција да биде заменета со КФОР

admin

Наставник од Битола цела година држел настава без да знае дека добил отказ

admin