28.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Судскиот совет: Нема прекршувања во постапките за случајот со смртта на Теодора Ристовска

Судскиот совет на Северна Македонија соопшти дека не е утврдено неправилно постапување од страна на ниту еден од трите судови кои биле вклучени во случајот за смртта на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово, која беше прегазена од Менсур Пајазити.

Советот детално објаснува како постапувал секој од судовите, нагласувајќи дека судијата Елмедин Ферати не направил пропуст кога го осудил Пајазити на две години затвор. Според нив, бидејќи жалба против првостепената пресуда поднел само обвинетиот, во случајот се применува одредбата од Законот за кривична постапка која забранува построга казна при повторна постапка.

„Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, стои во законската одредба на која се повикува Советот.

Судскиот совет истакнува дека ситуацијата ќе била поинаква ако Обвинителството поднело жалба на првичната пресуда, со која Пајазити бил осуден на три и пол години затвор. Во тој случај, судијата би можел да изрече и построга казна. Но, Основното обвинителство во Тетово не поднело жалба, а Вишото јавно обвинителство, односно обвинителката Вјолца Елмази, најпрво побарала потврдување на пресудата, а подоцна се предомислила и побарала пониска казна.

Пајазити на крајот доби двегодишна казна затвор, која стана правосилна.

 

 

 

Related posts

ЗАМИНУВА ГОДИНАТА, АМА НЕ И ПРОБЛЕМИТЕ

ninja

Истрагата за трагедијата во Кочани: Опозицијата обвинува за политичка манипулација

admin

О’Саливен дојде со јасна порака за Србија: време е за воведување санкции кон Русија

admin

Тивка средба на експертските групи од Скопје и Софија

admin

Сиљановска-Дафкова положи заклетва со старото име на државата

admin

Жељазков: Бугарите да бидат државотворен народ во РСМ

admin