7.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

Која е Билјана Ангелова, новата ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“?

Професорката на Економскиот институт Билјана Ангелова е новиот ректор на најстариот и најголем универзитет во земјава, „Св.Кирил и Методиј“. Ова го покажале конечните резултати од денешното гласање за нов ректор, кој се одржа на 23 факултети и 5 институти.

Ангелова, која досега ја вршеше функцијата проректор за финансии, ќе биде ректор до 2026 година, односно ќе има тригодишен мандат.

Таа добила најмногу гласови од шестмината кандидати за нов ректор. Во трката за оваа позиција освен Ангелова беа и проф. д-р Ратко Дуев и проф. д-р Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и актуелна проректорка за настава, проф. д-р Димитар Ташковски исто така од ФЕИТ и проф. д-р Атанас Кочов од Машинскиот факултет.

Право на глас на денешните избори за нов ректор имаа 1.426 гласачи – редовни, вонредни професори, доценти и студенти – членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Според конечниот записник, правото на глас го оствариле 1.251 лица. Најмногу поени освоила Ангелова (1958), двојно помалку освоил Ташковски (888), потоа Ајдински (866), Спасевска (784), Кочов (643), а најмалку поени има Дуев (459).

Ангелова доаѓа на на местото на д-р Никола Јанкуловски, професор на Медицинскиот факултет, кој за првпат беше избран за ректор во 2016 година, а во 2020 година беше реизбран со нов мандат од три години.

Откако постои најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Ангелова ќе биде втора жена ректорка. Од 1996 до 1998 година на чело на УКИМ беше проф. д-р Радмила Кипријанова.

Во програмата за развој на УКИМ, на 40 страници, Ангелова пишува дека ќе се залага Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да биде отворен за секој член на академската заедница и да има ефикасен сервис на неговите единици.

Таа навела дека ќе се залага за унапредување на квалитетот на наставата, за подобрување на условите за студирање на единиците на универзитетот, како и за унапредување на научно-истражувачката дејност и за подобрување на рангирањето. Освен тоа, приоритет ѝ е и интернационализацијата, преку вмрежување и пристапување кон европските алијанси на универзитети и промовирање на европски вредности.

Како клучни цели кои ќе ги реализира се и ориентацијата кон истражувања, развој на иновации и трансфер на технологии, зајакнување на соработката со бизнис секторот, поддршка на уметничките факултети и поддршка за развој на универзитетскиот спорт.

Инаку, пред само петнаесетина дена, УКИМ беше рангиран на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2023 година, на листата што ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).

Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето универзитетите и колеџите ги оценува според четири мерки: образование, можност за вработување, настава и истражување.

Годинава биле рангирани вкупно 20.531 високообразовна институција, а од нив најдобрите 2.000 се најдоа на листата.

Во споредба со минатата година, кога се најде на 1.964-та позиција, УКИМ годинава бележи пад од 26 места, а ако се направи споредба со 2021 година, тогаш падот е од 46 места. За само четири години, УКИМ на листата на CWUR паднал за дури 174 места. Доколку трендот на паѓање продолжи, може да се очекува дека догодина УКИМ сосема ќе исчезне од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот.

Related posts

САД се блиску до договор со Израел и Хамас за да го прекинат конфликтот, да ослободат некои заложници

admin

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin

Стано: Косово ќе се соочи со други рестриктивни мерки доколку Курти не ги исполни меѓународните барања

admin

ПРОСЕЧНО СЕМЕЈСТВО СО ПОТПРОСЕЧЕН ЖИВОТ

ninja

Поставувањето на Џек Смит вклучува важна “грутка” за заговорот на Трамп

admin

СЕ ЗАКАНУВА ЛИ ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ САД И ЕУ?

ninja