9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Финансиска полиција и ОЈО ГОКК приведоа повеќе лица во акција за корупција

Повеќе лица се приведени во рамки на акција што во вторникот ја спроведуваат Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), под сомнение за кривични дела поврзани со финансиски криминал и корупција.

Од Финансиската полиција соопштија дека овластени службени лица, постапувајќи по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на надлежен јавен обвинител, вршат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации низ земјата.

Акцијата произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата.

„Постојат основи на сомнение дека делата се извршени од службени и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери“, соопшти Финансиската полиција.

Од ОЈО ГОКК потврдија дека акцијата се спроведува поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, но не соопштија дополнителни детали, наведувајќи дека истрагата е во тек.

Неколку медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека меѓу приведените е поранешен директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на скопската општина Карпош од редовите на СДСМ. Според истите извори, сомнежите се поврзани со злоупотреби во постапки за јавни набавки.

Related posts

Од „коњопој“ до официјална средба: Софија го потврди состанокот Муцунски–Петрова

admin

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

admin

Вучиќ го распушти парламентот и свика предвремени избори на 17 декември во Србија

admin

Софија стравува од губење на ветото: новите правила на ЕУ може да ја сменат играта за Македонија

admin

Убедлива победа на Мицотакис, “згазена” Сириза

admin

Вучиќ и Курти ќе се сретнат на 26 јуни: Прва средба после една година тензии

admin