0.8 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Фон дер Лајен: Путин е „предатор“, потребно е силно одвраќање

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не се менува“ и дека може да биде воздржан само со силно одвраќање, јави Politico.

„Тој е предатор. Искусивме дека може да се држи под контрола само преку силна одвраќачка моќ,“ изјави фон дер Лајен за време на посетата на границата меѓу Полска и Белорусија.

Таа додаде дека Европската унија мора да го задржи чувството на итност: „Знаеме дека Путин не се промени и нема да се промени.“

Фон дер Лајен е на турнеја низ седум земји членки на т.н. „фронтовска линија“ на ЕУ – Полска, Финска, Естонија, Литванија, Латвија, Бугарија и Романија – со цел да ја увери јавноста и владите во поддршката на Унијата против руската агресија.

Заедно со полскиот премиер Доналд Туск, таа ја посети новоизградената електрична ограда на полско-белоруската граница, во селото Ожиерани Мале.

Туск ја спореди важноста на границата со историската борба за ослободување од советска доминација пред 45 години. „Европа, НАТО и САД мора денес да бидат исто толку решителни и обединети како тогаш,“ рече тој.

Фон дер Лајен најави дека Европската комисија во наредните недели ќе подготви патоказ за дополнителни инвестиции во европската одбранбена способност, кој ќе биде разгледан на Европскиот совет во октомври.

По Полска, таа ја посети Бугарија каде се сретна со премиерот Росен Јелиазков, а денеска ќе отпатува во Романија и Литванија за средби со претседателите Никушор Дан и Гитанас Науседа.

 

 

Related posts

Реакции во јавноста по нападот врз Арсовска: “Ова ли е новото нормално?”

admin

Скопје вечерва под чад: Три пожари горат истовремено, пожарникарите пред тешка ноќ

admin

ВЛЕН ја обвини ДУИ: Викаат затоа што автопатот не поминува низ нивните земјишта

admin

Министерството за здравство предлага нов закон за лекови, Алиу најави мерки против злоупотреби

admin

Студентите сакаат реформи, Вучиќ обвинува: Почна растурањето на безбедносниот сектор на Србија

admin

Кандидати и стратегиите готови, битката за локалната власт може да почне

admin