20 C
Скопје
8 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН ја обвини ДУИ: Викаат затоа што автопатот не поминува низ нивните земјишта

ВЛЕН ја обвини ДУИ дека реагира против изградбата на автопатот Скопје-Блаце затоа што, според коалицијата, трасата не минува низ земјишта за кои претходно биле правени пресметки за заработка од експропријација.

„Врескањето на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце има само една причина: трасата не минува таму каде што со години се правеле сметки и се купувале земјишта со надеж за милионски добивки од експропријација“, соопшти ВЛЕН.

Од коалицијата наведуваат дека проектот се реализира според професионално решение и во интерес на граѓаните, а не според, како што велат, планови на поединци кои очекувале финансиска корист од изградбата.

ВЛЕН оцени дека автопатот со години бил одложуван и држен како заложник на тесни интереси, но дека сега проектот напредува и ќе им користи на граѓаните, бизнисот, економијата и стратешкото поврзување со Косово.

„За првпат добиваат граѓаните, а не партиските интереси“, наведува коалицијата.

Од ВЛЕН велат дека не се дел од Владата за да штитат приватни интереси, туку за да реализираат проекти кои, според нив, со децении биле користени само за политичка пропаганда.

„Автопатот Скопје-Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапа: 24 години ветувања без реализација и 24 месеци ангажман што го води проектот кон завршување“, соопшти ВЛЕН.

 

Related posts

Стармер: Британија ќе учествува во доставата на хуманитарна помош по воздушен пат за Газа

admin

Македонија усвојува национален план за справување со масовни жртви и прв национален протокол за изгореници

admin

Страницата 47 открива дека ДУИ лажно се шокира

admin

Собранието започна дебата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, СДСМ поднесе 160 амандмани

admin

“Летечка дискотека со туш”, нова понуда за супербогатите

admin

11 НАЈВАЖНИ СЛУЧУВАЊА КОИ СВЕТОТ ГИ ОЧЕКУВА ВО 2023 ГОДИНА

ninja