6.8 C
Скопје
28 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Хадад во Сараево: Младите од Западен Балкан треба да бидат креатори на европската иднина

Францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад, денеска го посети Секретаријатот на Советот за регионална соработка (RCC) во Сараево, каде учествуваше на дискусија со млади од Западен Балкан посветена на европската интеграција, регионалната соработка и младинското учество во креирањето политики.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Лабораторија за млади на Западен Балкан 2“ (WBYL2), финансиран од Европската Унија и имплементиран од RCC. Во разговорот учествуваше и генералниот секретар на RCC, Амер Капетановиќ.

Капетановиќ изјави дека регионалната соработка не е „апстрактна дипломатска вежба“, туку секојдневна практика на поврзување и испорачување резултати, нагласувајќи дека младите треба да бидат рамноправни учесници во процесите, а не само публика.

Хадад порача дека пристапувањето во Европската Унија претставува длабока трансформација и оти е важно директно да се слушнат очекувањата на младите од регионот. Според него, Европската Унија има обврска да обезбеди конкретни придобивки за граѓаните, за тие да можат да ги почувствуваат резултатите од реформите.

На дискусијата учествуваа Млади европски амбасадори, претставници на младински организации и студенти од Универзитетот во Сараево. Тие порачаа дека Западен Балкан не треба да се гледа само низ призмата на политичките предизвици, туку како регион со креативен и талентиран потенцијал кој веќе придонесува за европскиот развој преку своите луѓе, идеи и култура.

Во рамки на посетата, Хадад и Капетановиќ одржаа и билатерална средба на која разговараа за процесот на проширување на ЕУ, иднината на Берлинскиот процес и ангажманот на Франција во регионот. Франција е член на Бордот на RCC и еден од клучните поддржувачи на регионалната соработка во Југоисточна Европа.

Related posts

Владата ги отфрла наводите на родители од Кочани за наводен коментар на премиерот Мицкоски

admin

Мерц: Наскоро можеме да почнеме со работа на пристапниот договор со Црна Гора

admin

Инклузивен развој за реформи на образовните политики

admin

Израелскиот врховен генерал: Војната со Иран би можела да трае долго, најкомплексна досега

admin

Невзат Бејта ќе биде кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Гостивар

admin

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin