33.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти

На состанокот во рамките на Берлинскиот процес е договорено формирање на заеднички регионален пазар, патување на граѓаните од регионот со лични карти и взаемно признавање на дипломите.

Земјите од Западниот Балкан сакаат да формираат заеднички регионален пазар и со тоа да направат важен исчекор кон членство во ЕУ, порача шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок по состанокот со министрите за надворешни работи од земјите во регионот во Берлин, кој се одржа во рамките на ткн. Берлински процес.

Според договорот, граѓаните во регионот ќе можат да ги минуваат границите со лични карти наместо со пасоши, а договорено е и взаемно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации. Според германската министерка, ова не се само технички детали, туку „историски чекори кои ќе го сменат животот на луѓето“

„Го правите животот полесен за вашите граѓани и му помагате на стопанството да се засилат трговијата и економскиот раст во регионот. Ви честитам на овој напредок“, порача Бербок.

Брза имплементација  

Договорот треба да биде потпишан на самитот на лидерите на земјите од Западниот Балкан и германската влада на 3 ноември.

Аналена Бербок
Бербок очекува брза имплементација на договореното во БерлинФотографија: Markus Schreiber/AP/picture alliance

Бербок ги повика владите на земјите од регионот „брзо да ги имплементираат сите неопходни чекори за да се обезбеди потпишување на сите договори согласно планот“.

Состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на ткн. Берлински процес опфати и разговори за енергетската сигурност, руската агресија врз Украина, сајбер-безбедноста и зелената агенда.

Берлинскиот процес го започна поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во 2014 година. Форматот беше замислен како чекор кон приближување на шесте земји од регионот кон ЕУ.

Голем дел од договореното на состанокот во Берлин се заговара уште од почетоците на процесот, но недоразбирањата меѓу земјите во регионот, пред сѐ меѓу Србија и Косово, ја блокираа подлабоката соработка. Три земји од регионот, Северна Македонија, Србија и Албанија во меѓувреме започнаа паралелна иницијатива за регионална поврзување наречена Отворен Балкан.

Related posts

Дипломатски скандал меѓу Скопје и Софија: МНР бара итна истрага

admin

Курти со план од пет точки за смирување на тензиите на северот

admin

Гоце Делчев повторно во фокусот: Пораки за единство и европска иднина на 154-годишнината од неговото раѓање

admin

Во Хаг усвоена декларација на НАТО

admin

По епидемијата во Гостивар, ВЛЕН ги обвини Ахмети и Таравари за долгогодишно лошо управување

admin

Сиљановска: Нема да ја користам придавката “Северна”

admin