14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕСМ следната недела ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

Од АД ЕСМ информираат дека по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите.

Како што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил.

Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ претходно го повика „Макпетрол“ да достави до нив нова понуда за гас, откако компанијата соопшти дека навремено не добила побарување од ЕСМ за гас поради што не ги платила потребните количини до нивниот доставувач „Гаспром“ за ноември.

ЕСМ- Нема договор со „Скопје-Север“ без исплата на стариот долг

Според најавите, имаше уште две компании кои беа заинтересирани да достават понуда на тендерот за снабдување со природен гас за ноември годинава за потребите на топланите, а постоеше можност понудите да бидат за целата грејна сезона, вклучително и за работата на когенеративната постројка ТЕ-ТО.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вчера во изјава за медиумите рече дека доколку нема прифатливи понуди на тендерот се подготвуваат топланите да работат на дизел.

Related posts

Отворањето на Уставот како одење по жица

ninja

Додик осуден на една година затвор и шестгодишна политичка забрана

admin

Од Кол до Мерц: Меркел за првпат отворено за ривалите што паднаа покрај неа

admin

Македонија се усогласи со ЕУ за продолжување на санкциите кон Иран

admin

Трамп го именува Волц за амбасадор во ОН по скандалот со Signal

admin

Кој е Тешеира – човекот кој изнесе тајни документи на Пентагон?

admin