18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Автобусите заглавени над пет часа: Биометриските проверки го блокираа влезот во Грција

Долги колони возила се формираа на граничниот премин Евзони меѓу Северна Македонија и Грција по воведувањето на новиот европски дигитален систем за биометриска контрола на патниците, јавија грчки медиуми.

Според извештаите, приватните автомобили на преминот чекаат околу два часа, додека патниците во туристички автобуси и организирани превози се соочуваат со задржувања подолги од пет часа.

Меѓу погодените се илјадници семејства и туристи кои патуваат кон северногрчките летни дестинации, вклучувајќи ги Халкидики, Кавала и Пиерија, во пресрет на првиот поголем туристички бран од сезоната.

Застојот следува по примената на новиот систем на Европската Унија за влез и излез, познат како EES, кој од 10 април почна да се користи на грчките аеродроми и други гранични точки.

Системот ги заменува традиционалните печати во пасошите со биометриска регистрација, која вклучува фотографирање на лицето и земање дигитални отпечатоци од прсти.

Новата процедура значително го зголемува времето за обработка на секој патник. Додека досегашните проверки на документите вообичаено траеја околу 20 секунди, со EES обработката може да трае околу 90 секунди по лице.

Подолги задржувања се регистрираат и на грчките аеродроми. На меѓународниот аеродром во Атина, според грчките медиуми, времето на чекање се движи од 90 минути до два и пол часа, во зависност од периодот од денот.

Грчките власти претходно најавија дека разгледуваат дополнителни технички и организациски мерки за забрзување на протокот на патници и возила на граничните премини, особено на Евзони и Кипи, каде што новиот систем предизвикува најголем притисок.

Related posts

Нов фронт меѓу Вашингтон и Пекинг: Вештачката интелигенција станува оружје на геополитиката

admin

Македонската влада предлага нов модел за пресметка на потрошувачката кошничка

admin

Ќе се чешла помошта од 100 милиони евра за стопанството

admin

Втор пациент почина од пожарот во дискотеката во Кочани, бројот на жртви се искачи на 61

admin

Нетанјаху ги обвини лидерите на Британија, Франција и Канада дека го охрабруваат Хамас

admin

Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш под лупа на Брисел

admin