9.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уште еден пратеник му го сврте грбот на Таравари

Пратеничката на Алијансата за Албанците, Мимоза Муса, изјави дека останува лојална на мандатот добиен од над 107.000 гласачи на коалицијата ВЛЕН, нагласувајќи дека нејзиното политичко делување ќе остане во служба на граѓаните, а не на лични интереси, јавува Инбокс7.

„Овој мандат не е само бројка, туку глас на еден народ изморен од над 20 години власт на ДУИ и кој бара промена,“ напиша Муса на Фејсбук, ставајќи до знаење дека нема да го следи нејзиниот партиски лидер, Арбен Таравари, кој ја напушти коалицијата ВЛЕН и Владата.

Во услови на, како што го оцени, „разнишан политички амбиент“, Муса порача дека останува доследна на коалицијата ВЛЕН, каде реши да остане фракција на АА предводена од вицепремиерот Арбен Фетаи и екс министерот Азир Алиу..

„Довербата што ми ја дадовте нема да ја изневерaм. Не сум тука за личен интерес, туку да им служам со достоинство и одговорност на сите што веруваат во оваа мисија,“ напиша Муса, додавајќи: „Промената започна и ние ќе ја водиме напред.“

 

 

Related posts

Курти и Мицкоски рамо до рамо на конгресот на ВЛЕН

admin

САД одбиле да и дадат Ф-16 на Бугарија

admin

Меџити: САД ја повторија посветеноста да ни помогнат на патот кон ЕУ

admin

Политичка војна за Европа: Филипче ја обвини власта за изолација, ВМРО го нарече предавник

admin

ЗНАМ ја обвини коалицијата Вреди дека ја „изиграла“ ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

admin

Македонската јавност се простува со младиот бизнисмен Душко Чифлиганец

admin