29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Македонија заслужува членство во ЕУ со фер и доследен третман

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија останува силно посветена на европскиот пат, но очекува фер и доследен третман од Европската унија, по средбата со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Нашата држава е подготвена и достојна за членство. Реформите се веќе реалност, а Унијата треба да ја препознае зрелоста, жртвите и напредокот што ги правиме,“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој додаде дека Македонија не бара милост, туку признавање на вложените вредности и напори. „Европа може да смета на нас, време е и ние да почнеме да сметаме на Европа,“ порача премиерот.

Меџити: Борбата против корупцијата клучен дел од евроинтеграцијата

Првиот заменик-премиер и министер за животна средина, Изет Меџити, ја поздрави средбата со Калас со пораката дека реформите и борбата против корупцијата се клучни за интеграцијата на земјата во ЕУ.

„Нашата влада работи за силна и праведна Северна Македонија, со јасна перспектива и стабилност за граѓаните,“ напиша тој на Фејсбук, додавајќи дека со поддршка од партнерите, земјата ќе продолжи со определбата за приклучување во европското семејство.

„Овој заеднички ангажман го потврдивме со премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски,“ наведе Меџити.

Муцунски: Скопје домаќин на првиот безбедносен дијалог со ЕУ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, соопшти дека денеска во Скопје заедно со Каја Калас го отвориле првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу Северна Македонија и Европската унија.

„Целосно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Тоа не е само техничка обврска, туку и јасен израз на нашата стратешка определба,“ рече Муцунски, нагласувајќи ја континуираната поддршка за Украина, вклучително и воено.

Тој додаде дека сесијата поставува темели за редовни политички и експертски консултации кои ќе го следат спроведувањето на партнерството и ќе овозможат поголема интеграција на земјата во европската безбедносна и одбранбена архитектура.

 

 

Related posts

Ахмети: Ќе повикаме на протести и бојкот ако Бектеши биде обвинет и се чепне во Законот за јазиците

admin

Трамп се закани со царини од 200% против Франција поради Макрон

admin

Советот на ЕУ даде зелено светло: Унгарија добива милијарди за реформи

admin

„Старите рани“ непожелни во изборни кампањи

admin

Полска нема да ги пренасочи системите „Патриот“ кон Блискиот Исток

admin

РУСКИ ВОЈНИЦИ ЗА BBC: Команданти наредувале егзекуции на сопствени војници кои одбивале наредби

admin