11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ахмети: Ќе повикаме на протести и бојкот ако Бектеши биде обвинет и се чепне во Законот за јазиците

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, изјави дека неговата партија ќе повика на масовни протести и бојкот на локалните избори доколку поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, биде обвинет за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 лица.

Во интервју за „Слободен печат“, Ахмети рече дека протестите ќе бидат насочени против, како што го нарече, „селективниот пристап кон правдата“, и најави поддршка за семејствата на жртвите од трагедијата. Тој нагласи дека протестите ќе имаат за цел да изнудат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, планирани за октомври.

„Ако излезам на улица, враќање нема“, изјави Ахмети, додавајќи дека бара целосен ветинг на сите функционери и политички партии од 1991 година наваму, вклучително и на судството, обвинителството и полицијата, под меѓународен надзор.

Ахмети откри и дека премиерот Христијан Мицкоски на првата средба меѓу нив понудил одржување двојни избори – локални и парламентарни – уште пред формирањето на техничка влада, но на следната средба се повлекол од предлогот.

ДУИ смета дека укинувањето на балансерот, кратењето на буџетот за Инспекторатот за албански јазик и најавите за укинување на Законот за јазиците претставуваат закана за правата на Албанците. Ахмети предупреди дека евентуални измени на законот би довеле до политичка криза.

Во однос на изборните коалиции, Ахмети не ја исклучи можноста за соработка со крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, но рече дека конечните одлуки ќе се донесат во рамки на партиските тела. Тој оцени дека „Таравари порано сфати дека Владата е антиалбанска“.

Очекувањата се дека во следните недели ќе се одржат средби помеѓу лидерите на владејачките и опозициските партии, вклучително и можен состанок меѓу Мицкоски, Ахмети и Таравари, за да се дефинираат позициите во пресрет на изборите.

 

 

 

Related posts

Кога ќе се смират бранувањата за „Преспа“?

admin

Мицкоски: Нема запирање до целосна разврска – или ние – Македонија, или тие – мафијата

admin

Расте поддршката за Арбен Таравари

admin

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци во случајот со смртта на скопјанка и нејзината ќерка

admin

Функционер на ДУИ под истрага за намерно подметнување пожари во Скопје

admin

Секое трето дете со проблем со тежината: Алиу отвори Центар за третман на дебелина

admin