27.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ковачки: Ахмети се крие зад партиски симболи, правдата не смее да се уценува со протести

Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во четвртокот изјави дека е неприфатливо правдата да се уценува со улични протести, реагирајќи на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со истрагата за несреќа во Кочани во која загинаа 62 лица.

„Легитимно е да се протестира. Но, опасно е да се закануваш дека ‘нема да се вратиш од улица’ затоа што е покрената истрага против поранешен министер“, рече Ковачки во објава на социјалните мрежи.

Ахмети, чии партиски функционери се спомнати во контекст на случајот, деновиве побара одржување предвремени избори, на што ВМРО-ДПМНЕ реагираше со обвинувања за политички притисок врз правосудните институции.

Ковачки праша зошто Ахмети го поврзува Јавното обвинителство со политичката стабилност, потсетувајќи дека токму Ахмети гласал за актуелниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

„Има ли некој во Македонија што не сака случајот да се расчисти до последен детал? Дали смееме да дозволиме партијата да се стави над правдата?“ – запраша Ковачки.

 

 

 

 

Related posts

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

Муцунски во Атина: Грција ја потврди поддршката за ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија

admin

Од германска гордост до глобална криза: Што го уништи Volkswagen?

admin

Еурактив: Односите Софија-Скопје се влошуваат

admin

Над 800 кандидати за 120 места во парламентот

admin

Пендаровски има канцеларија, но нема компјутер и телефон

admin