28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски присуствува на Самитот на ЕПП во Брисел, акцент на глобални предизвици и проширување на ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, учествува на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, при што најави дека покрај одбележувањето на јубилејот ќе се одржи и Самит на лидери на партии членки на ЕПП.

„Два дена сме во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од ЕПП, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата партија во Македонија. Покрај официјалната прослава, ќе имаме Самит на лидери на партии членки на ЕПП, каде ќе разговараме за економската перспектива на Европа, глобалните предизвици, војната во Украина, ситуацијата во Заливот и Иран, како и за зголемување на конкурентноста“, рече Мицкоски во видеоизјава.

Тој посочи дека Македонија ќе го стави посебниот фокус на проширувањето на Европската Унија и на реформите и постигнувањата реализирани од владата во последните месеци.

Со Мицкоски во Брисел се партискиот генерален секретар Драган Ковачки и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

На маргините на конгресот, Мицкоски оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Како што информираше на Фејсбук, разговорите биле фокусирани на регионална соработка и европска перспектива.

 

Related posts

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНА ЗА ЕДЕН ПОЕН НА ЛИСТАТА НА ФРИДОМ ХАУС

ninja

Извештај на ЕБОР: Конфликтот во Блискиот Исток ги погодува силно економиите на регионот

admin

Г7 под притисок да се реформира: САД се повлекуваат, нови сили бараат влез

admin

69 километри под земја: Истанбул доби една од најбрзите метро линии во Европа

admin

УЈИЕ прогласен за најтранспарентен универзитет во Северна Македонија

admin

Трамп се заканува со интервенција, Техеран возвраќа: „Ќе зажалите“

admin