36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Собранието по втор пат одби електронски алки за насилниците

Собранието на Северна Македонија по втор пат одби предлог за воведување електронски алки за следење на сторителите на семејно насилство.

Предлогот, поднесен по скратена постапка како дополнување на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предвидуваше воведување на електронска белезица што би го следела насилникот и би ја предупредувала жртвата доколку се приближи до забранет периметар, без разлика на нејзината локација.

Пратеничката Моника Зајкова, која го образложи предлогот, потсети дека истиот бил поднесен и пред една година. Таа истакна дека не постојат значителни финансиски импликации, бидејќи Министерството за правда веќе располага со електронски белезици за системот на пробација, кои можат да се пренаменат.

„И оваа година не помина предлогот со кој, покрај забраната за движење, сторителот би носел електронска белезица за следење и предупредување на жртвата. Повторно беше одбиен – мерка што значи превенција, спасени животи и реална заштита“, рече Зајкова.

Таа ги критикуваше колегите од мнозинството за одбивањето на измените. „Од денес станувате соучесници во секој следен напад и во секоја следна жртва“, порача таа од собраниската говорница.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на социјалните мрежи оцени дека мнозинството „отфрли вредносна и цивилизациска обврска – државата да застане на страната на оној што е во опасност“. Тој додаде дека неприфаќањето на предлогот претставува „длабока политичка, човечка и вредносна грешка“.

 

Related posts

КОВАЧЕВСКИ: СЕ ПРАВАТ НАПОРИ ДА ИМ БИДАТ ИСПЛАТЕНИ ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ninja

Осуммина под истрага за злоупотреби во Државна Лотарија

admin

КДП ДОЗНАВА: МЕТЛА ВО ДУИ, СМЕНА НА РАКОВОДСТВОТО ВО 11 ОГРАНОЦИ

ninja

Северна Македонија без напредок во борбата против корупцијата

admin

Путин во Кина: ШОС самитот како тест за нов светски поредок

admin

САД-Кина: Трговскиот конфликт ризикува да прерасне во финансиска војна

admin