11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Савески вети дека нема да држи предмети во фиока

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител со 66 гласа „за“, двајца „против“ и осум воздржани.

Вицепремиерот Александар Николоски, кој го предложи Савески на позицијата, го опиша како „професионалец без дамка во кариерата“ и истакна дека очекува новиот обвинител да придонесе за враќање на довербата во обвинителскиот и правосудниот систем.

„На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Потребен е нов пристап и процесуирање на случаи кои ќе ја подобрат довербата во системот“, рече Николоски.

Савески, досегашен судија во Основниот кривичен суд Скопје, по изборот изјави дека „нема да држи предмети во фиока“ и најави целосна посветеност кон реформите во обвинителството.

Изборот на новиот јавен обвинител се одвиваше без поддршка од опозицијата, која претходно не изнесе забелешки за неговата професионална биографија.

Паралелно со изборот на обвинителот, Собранието разгледуваше и други точки на дневниот ред, вклучувајќи избор на член на Судскиот совет и измени на повеќе закони по скратена постапка.

 

Related posts

Се иселиле млади колку едно Куманово: Населението во државата сѐ повеќе старее

admin

Истражување на Гардијан: С.Македонија е најзагадена земја во Европа

admin

Мицкоски ја обвини Софија дека „покажува мускули“: „Кога-тогаш ќе одговараат“

admin

Иран започна масовен ракетен напад врз Израел по атентатите на Хамас и Хезболах

admin

Пентагон ја преиспитува воената карта на Европа: На маса најмалку четири сценарија

admin

Вучиќ се закани со Ибар: Може ли Србија да го остави Косово без вода?

admin