16.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

УЈП откри “нафтена мафија”, преку лажни фактури сакале да извлечат пари од државната каса

Нафтени компании преку лажни фактури сакале да ја оштетат државата за речиси три милиони евра преку наплата на поврат на Данок на додадена вредност (ДДВ) и на Данок на личен доход. Ако им успеал планот, од државата ќе наплателе 2,6 милиони евра од ДДВ и околу 309 илјади евра од данок на личен доход, јави РСЕ.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) на 15 јануари на брифинг со новинари презентираа детали за тоа како компаниите сакале да испумпаат пари од државната каса.

Од УЈП велат дека спровеле контроли кај три фирми трговци со нафта на големо и мало и кај пет фирми добавувачи на нафта и спречиле преку фиктивни документи тие да си наплатат поврат на данок.

Откриле дека фирмите трговци со нафта немаат бензински пумпи, немаат складишта за нафтата и дериватите, немаат залихи како што било наведено на документите и немаат лиценци за вршење на дејноста трговија со нафта. Една од фирмите немала вработени и не исплаќала плати. Првата фирма ги избришала документите од сметководство. Фирмите прикажале дека купуваат нафта од добавувачите за што имале десетици фактури на милионски суми.

Контролите на фирмите добавувачи, пак, покажале дека, меѓу дел од нив и дел од фирмите трговци со нафта нема воспоставено деловно-должнички доверителски односи. Не се издадени испратници и фактури за наводно продадените нафта и нафтени деривати, а дел од добавувачите прокнижиле фактури за три пати пониски од влезните фактури.

Сомнителните фирми се држат во тајност

Кога инспекторите, пак, отишле кај фирмите добавувачи да ги известат дека нивните логоа и називи на фирми се користат за фиктивни фактури, од фирмите само им се насмевнале на инспекторите, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Запрашана дали станува збор за познати нафтени компании со распространета мрежа бензински пумпи, Лукаревска, одговори со „не“, и само лоцираше дека станува збор за компании од кумановско-липковскиот регион.

Заедничко на сите три фирми трговци со нафта е што промениле седиштето на фирмите, а имало промена и во сопственичката структура.
Заедничко за првата и за третата фирма трговец со нафта е што имаат ист првичен сопственик и управител, човек од Северна Македонија. Потоа се сменило сопствеништвото, па сопственик на првата фирма станува лице од Хрватска, а на третата лице од Косово. Овие две фирми имаат и иста фирма која им го водела сметководството. Таа фирма е задолжена и за сметководството на една од петте фирми добавувачи на нафта. Првиот сопственик си го сменил и презимето, од, како што навел, семејни причини. И втората фирма трговец сменила сопствеништво и завршила во раце на човек од Косово.

„Во сите случаи е утврдена меѓусебна поврзаност од различни апекти што упатува на сомневање дека се работи за однапред осмислена и добро разработена шема на делување при што со издавање и примање на фиктивни фактури направен е обид за изигрување на законот и стекнување на противправна имотна корист“, велат од УЈП.

Доказите што ги собрале инспекторите на УЈП потоа ги испратиле до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Финансиската полиција.

Инспекторите од УЈП спровеле контроли за ДДВ, за личен доход, за попис, за деловни односи, а во моментов се вршат уште две контроли.

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот е оштетен

Еден ден пред Лукаревска да одржи брифинг со новинарите, пратеникот од опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски обвини дека „милиони се испумпувале од фиктивни фактури, а раководството на УЈП или знаело и прикривало или целосно го уништило системот“.
„Буџетот е оштетен, а државата тешко без кривично гонење ќе може да ги поврати исплатените милиони, бидејќи компаниите преку кои се штанцани фиктивните фактури и се испупмани пари немаат имот за од истиот да се наплати долгот“, рече Стојаноски.

Related posts

Димитриевски против протоколот на Курти: За каков соживот се боревме?

admin

Ветинг – предлогот во фиока, се вади пред избори

admin

Средба Столтенберг-Османи: НАТО е клучен фактор за безбедноста на Западен Балкан

admin

ДРЖАВАТА ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

ninja

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ ЗА ИДНИНАТА

ninja

САД подготвува специјален суд за руските злосторства во Украина

admin