36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Средба Столтенберг-Османи: НАТО е клучен фактор за безбедноста на Западен Балкан

Актуелните безбедносни предизвици како и активностите на НАТО во насока на адаптирање кон новата безбедносна реалност, биле клучните теми на денешната средба во Брисел на Министерот за надворешни работи, Бујар Османи со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Инбокс7.

Двајцата соговорници истакнале дека е од особена важност успешното справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето. Посебен фокус на разговорите биле актуелните состојби во Западен Балкан, како регион од стратешки интерес за Алијансата.

“Блиската координација и заеднички активности на НАТО и ЕУ во Западен Балкан, како и забрзување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од регионот претставуваат клучни алатки за консолидирање на регионалната стабилност и затворање на вакуумот за потенцијални дестабилизирачки влијанија од трети страни”, рече Османи по средбата со Столтенберг.

На средбата станало збор и за руската воена агресија врз Украина, како и поддршката за украинскиот народ, а во тој контекст и беа нагласени и значајните одлуки од неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус со кои уште еднаш се потврди единството на Алијансата.

Османи истакнал дека Северна Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот.

Во таа насока, Османи се осврнал на придонесот на нашата земја во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на 2% од целокупниот БДП за одбраната.

 

Related posts

Урсула фон дер Лајен: Присуството на ЕПЗ во Тирана е моќен симбол

admin

Трамп шокира со најава: Договорот со Иран се потпишува за 24 часа?

admin

Милановиќ на чекор до победа – Приморац се подготвува за вториот круг!

admin

Младите од регионот ја водат иницијативата за позелен Западен Балкан

admin

Граѓани реагираат: Владините мерки не се доволни, храната е скапа

admin

Јокиќ се враќа во Србија, го очекува вистинско изненадување

admin