14.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дожд и протест предизвикаа сообраќаен хаос во Скопје

Попладнево сообраќајот во главниот град беше во целосен застој поради обилниот дожд и протестот на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ во Аеродром. Автомобилите се движеа со големи доцнења, а возачите на одредени делници беа заглавени и по 45 минути.

Протестот се одржа кај мостот „Близнаци“, каде граѓаните изразија револт поради континуираното палење на депонијата „Вардариште“ и загадувањето на воздухот. Организаторите најавија тричасовна блокада на мостот, од 15:00 до 18:00 часот, како дел од засилените активности за барање итно решение.

Министерството за внатрешни работи претходно информираше за посебен сообраќаен режим и затворање на неколку сообраќајници, меѓу кои делови од булевар „Гоце Делчев“.

Жителите на Аеродром најавија дека протестите ќе продолжат сè додека, како што велат, институциите не обезбедат трајно затворање на депонијата.

 

 

Related posts

Стармер пред заминување: Лабуристите го туркаат Барнам кон Даунинг стрит

admin

Маркетите добија нова шанса: Владата бара храната да поскапи под 3 проценти

admin

“Летечка дискотека со туш”, нова понуда за супербогатите

admin

Савески вети дека нема да држи предмети во фиока

admin

Џафери: Тие што ме критикуваат нека се погледнат во огледало

admin

САД И ЕУ ПРЕДУПРЕДИЈА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ДОКОЛКУ КИНА ОБЕЗБЕДИ ПОМОШ ЗА РУСИЈА

ninja