2.8 C
Скопје
23 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Украинската амбасада повика, но македонското МНР потсетува: Учеството во странска војска е кривично дело

Според Кривичниот законик, казната за учество или обучување во странски војски или паравоени формации и групи надвор од земјава, изнесува најмалку четири години затвор

Кривично дело е приклучувањето во странски војски. Ова како „потсетување“ до македонските граѓани денеска го упати Министерството за надворешни работи, откако Украинската амбасада во Скопје вчера упати повик за пријавување во меѓународната легија за одбрана на Украина.

„Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во која било странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело“, се вели во соопштението испратено од МНР.

Министерството за надворешни работи осветлено во боите на Украина
Министерството за надворешни работи осветлено во боите на Украина

Од таму додаваат дека ја разбираат ситуацијата во која се наоѓа Украина и потребата на земјата за каква било помош од странство за спротивставување на агресијата од Русија.

„Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили“, истакнуваат од МНР.

Украинската амбасада повикот го објави на Твитер
Украинската амбасада повикот го објави на Твитер

Украинската амбасада, преку нејзиниот канал на „Твитер“ вчера, на македонски јазик, објави повик до граѓаните во земјава да се приклучат во меѓународната легија. Таму беа оставени и контакти на кои заинтересираните би можеле да се обратат.

Сепак, според Кривичниот законик, казната за учество или обучување во странски војски или паравоени формации и групи надвор од земјава, изнесува најмалку четири години затвор.

Странски борци во Лавов, Украина
Странски борци во Лавов, Украина

Казна следи и за тој што организира поединци или групи за учество во странски војски и формации, а таа изнесува пет години.

Во Украина, според изјавите на претседателот Володимир Зеленски, веќе се пријавиле повеќе од 16.000 волонтери да се приклучат во одбраната на земјата.

Како што објави „Ројтерс“ во украинскиот град Лавов веќе се собрани поголем број странци, кои се одѕвале на повикот од Зеленски да им се придружат во борбата против руската инвазија. Меѓу лицата имало и доброволци од Велика Британија и од САД.

 

Related posts

Зелено светло за Албанија, стоп за Северна Македонија

admin

Од историски криминал до историски проект за ВМРО- ДПМНЕ

admin

АМНЕСТИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?

ninja

Експерти од САД по изборите во Северна Македонија: Власт, значи одговорност и почитување на меѓународните договори

admin

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja

Ахмети му враќа на Меџити: ДУИ беше, е и ќе остане авангарда на националното прашање

admin